По инсталација на плинот во МармилМонт - Перо, ја возев колата без да приметам дека всушност сум и ставил плин. И така поминаа 4-5 месеца кога почна да ми трокира колата, во прва и во втора под 2500 обртаи не се возеше, скокаше ко зајак а знаеше и да изгаси. И бензин трошеше..
Отидов секако да видат што и е... Перо ми вика друже вака ти прави и на бензин. Му викам ај префрли ја на бензин и дај мала гас (спие колава..) ај сеа на плин... (скокаат обртаите горе доле). Кога и влезе внатре кога почна да стиска гас до крај мислам мотор ќе изгореше и тоа добри 10 минути ја малтретира.
Јас црвен ќе пукнам од мука (а морам кај него - под гаранција е) Коа ми вика бил пуштен повеќе плинот отколку што треба, земи ја вака вози ја ако продолжи да ти прави донеси ми ја у понеделник.
Ја носам кај еден мајстор у меѓу време во Лисиче на крај тамо - по препорака на еден колега демек јак бил чоекот. Па додека стигнам искршив колата по дупките им го копаа патот. Само што стигнав го зачекав нешто работеше на една кола и кога дојде ми рече ај запали ја и ме прашува што е проблемот? и убаво му реков.. пробај да ја возиш во прва. Аааа добро, дојди утре 1600ден ќе те кошта. А јас го гледам бледо и му викам мајсторе знаеш ли дека поминав 30километри за да дојдам да завршам работа? што ако не е тоа што мислите а утре пак да тепам километража... ама ај незнам зашо толку му идев по гордоста на мајсторов и утредента дојдов пак, парите со мене и радосен дека ќе ја среди. Мајсторов ја стави на компјутер и не му ги препознаваше дизните, извади од џеб негови дизни ги стави, ја наштелува и се смее онака ко задоволен... ај види ја сега. Што ќе видам исти ку.ац. У тој момент ако не го мавнев со лаптопот по глава никад!
Почнавме да се расправаме и да ме прај глуп дека не прави веќе така еј. Кога му текна да го смени контролерот (компјутерот). И тој сакаше да ми го убута за 150 евра.
Па му снема струја, батеријата на лаптопот пробиена...
Му викам вади дизните, враќај ги мојте се врати како што било.
И ми вика а јас што ќе им правам на дизните, ќе си ги платиш!
Боже господе. Си влегов у кола пред да направам некоја глупост и си отидов.
После недела дена, размислив со ладна глава мислејќи да не е контролерот.. му ја однесов пак кај Перо во Мармил. Ја оставив, му реков што сака нека и прави сакам да е направена исто како кога си ја земав по инсталација на плинот.
По два дена Перо звони и ми вика дојди. Идам ми даде клучот без да ми каже што и е и влагам да свртам кругче. Спие колава, сум се оклештил од уво до уво.
Се враќам и ми кажува дека дизните за бензин не ми затворале убаво колата работела и на плин и бензин пуштало. Ги чистел дизните. Пари не сакаше да земе.