@krell
гледам некако споредбата на бензин дизел ја правиш со хрв-то и цитроенче-то
ако возиш толкав џип дизел не очекувај 5-6 литри потрошња повеќе накај 10+
секако предност е поефтиното гориво,е сега дали и колку се исплати после поминатите километри тоа мора сам да си израчунаш
Па тоа и јас го зборам.. Како што спомнав, тестирав ЦР-В Дизел, и трошеше само Литро или Литро и пол помалку.
Кога тестирав Ц3 Бензин, трошеше литро и пол повеќе. (Значи правев споредба на потрошувачка класа, со класа и возило со возило). Тамам работа да споредувам потрошувачка на Ц3 че и ЦР-В и да се жалам од ЦР-В то колку троши.
Инаку не зборам дека наредна кола можда ќе биде Дизел само ради потрошувачката.. Тоа е само бонус..
Кај возило од тип на ЦР-В, каде што аеродинамичност не му е појака страна, обртниот момент на дизелот и те како би помогнал.
Значи не се фаќајте одма дека дизел би зел само ради потрошувачка. Кај брат ми на Кашкаи -то, просек 9 л/100 а е дизел. Кај мене е 10.5 л/100
И секако би пробал и дизел и бензин, и би зел во обзир и негативностите и предностите на едното и другото.
Без предрасуди
Во случајот со ЦР-В то не земав дизел:
1. Разлика во цена 7500 еур
2. Разлика во потрошувачка (пак ќе се повторам. Пробав и дизел), од само литро , литро и пол
3. Потенцијални проблеми со ДПФ и слично (тогаш не планирав втора градска кола, и дека ова воглавно ќе се вози на отворен пат).
Во случајот со Ц3 земав дизел:
1. Немаше разлика во цена бензин/дизел
2. Подобро ми возеше 1.4 HDI од 1.1 Бензин (и тоа многу подобро).
3. Нешто помалку трошеше дизелот
4. Нема ДПФ (инсистирав на тоа)