Пошто темава е општо за плински уреди, да се пожалам јас од Нас Гас (после стаклара). 5-6 пати пунев гориво таму, не е лошо 250 денари по боца поефтино, Арно ама, последните два пати, се случуваше колата комплетно да префрли на бензин, на повеќе од 1/2 полн резервоар, а кога закачив компјутер на колата, приметив дека и при (релативно) нормално возење, компјутерот мораше да ги активира бензинските инјектори за да постигне задоволителна смеса.
Пробувавме со промена на притисок на расплињача, пробавме со промена на еден куп други параметри, на крај реков „враќај се` назад, идам на друга бензинска“.
Си наточив на Лук Оил, и колата си „спие“. Така да се приклучувам на големиот број корисници тука кои избегнуваат „бош“ плинари.