@AngelSK кој профит бе, не се сеќавам колку беше ама сигурно не стануваше збор за повеќе од 300 денари. Плус јасно се гледаше дека мембраната имаше изгубено еластичност.
По промената колата возеше како првиот ден кога беше монтиран плинот.
Истиот плинар ми покажа како можам сам да ја испуштам смолата или како и да се вика. Со тоа одложував некој период, но очигледно беше дека со намалувањето на еластичноста на мембраната започнуваа манифестациите на симптомите, а бидејки сум перфекционист и не толерирам сецкања, поткашлувања, непримање гас итн за ситни пари, си ја сервисирав расплињачата и решен проблем.
Да не генерализирам, можеби некои уреди се попогодени.
Мојот беше ловато.
Од друга страна сум се возел во коли кај кои сопственикот никогаш ништо не чепнал и сум се чудел како можат да ја возат во таква состојба.
Скоро беше се возев во голф2, се измучив гледајки како се мачи колата, ми идеше да излезам и пешки да си одам и побрзо ќе стигнев
Уште ме убедуваше дека супер си вози колата