Најважниот аспект при секојдневното возење се согледува со мерење на еластичноста на моторот.
60-100 во 4, како и 80-120 во 5та. Тоа горе-долу кажува колку е употреблив моторот во секојдневие. Зошто ретко кој забрзува до 0-100 освен на патарина, а и тогаш ретко дека се цеди моторот до крај. Значи да не заборавиме дека не сме на стаза, туку во град/автопат. Ретко кога се дига над 4000 вртежи (3500 дизел), а возењето во автомобил во кој НЕМА ПОТРЕБА да дигнеш над толку вртежи е совршенство. Значи да не заборавиме дека правиме муабет за нормални градски коли или седани. Секако најважниот аспект од тоа искуство е возењето во еден таков автомобил, зошто ако се нема осетено тоа, скоро е невозможно да се објасни. Секако во предвид се земаат полнолетни луѓе, по можност со 3-5 години искуство, што всушност ја става годишната граница на минимум 21 година. Сите помали од тоа, не се предмет на расправа, зошто на различен начин ги користат автомобилите, а најмалку како средства за пренос од едно место до друго.
Скоро сите коли се оптимизирани за употреба во нивниот најчест мод на работа, а тоа е 2000-4000 (и 2000-3500 кај дизел), и таквата употреба се смета за нормална. Тоа е начинот на кој се употребува еден автомобил 99.994% од времето. Ваквото мерење ја дава јачината на моторот при нормално возење. А бидејќи тоа е најчесто користениот начин на употреба, може да се каже дека тоа ја дава искористливата јачина на моторот.
Недостаток е тоа што крајните преноси се различни, кај различните возила. Па затоа се земени 4та и 5та брзина. Поентата на употреба на 4та брзина е доста поважна, зошто е релативно слична кај повеќето производители, додека 5та кај некои е крајна, кај некои е претпоследна, кај други кој имаат 7 трета од назад. Тоа е тоа што 60-100 во 4та, брзина го дава, искористливата јачина на моторот при негова секојдневна нормална употреба.
Пример: Ако едно возило може да забрза од 60-100 во 4та за ~6 секунди, зошто би префрлал во 3та? Ако едно возило би можело да забрза од 80-120 за ~7 секунди зошто да префрлаш во 4та? Тоа е добар мотор.