Автор Тема: Олдтајмери..  (Прочитано 417214 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1635 на: 03 Март 2014, 23:22:30 pm »
Јави се Бугар :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1636 на: 03 Март 2014, 23:31:56 pm »
на бугар пежото е перверзија... оваа изгледа како празна и искористена кофа за миење плочки со џогер, во споредба со таа на бугар...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1637 на: 04 Март 2014, 08:04:00 am »
на бугар пежото е перверзија... оваа изгледа како празна и искористена кофа за миење плочки со џогер, во споредба со таа на бугар...

Ова Пежо е во солидна состојба. Ама е постарата 404 (со старата шалт табла) браниците се од поновиот модел. Во секој случај каросериски е добро.

Отсутен Peconi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2948
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1638 на: 04 Март 2014, 09:56:31 am »
делува здраво каросериски, освен ако не е пунето со кит :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1639 на: 04 Март 2014, 09:57:41 am »
јас не реков дека е скапано... ама за да стане олдтајмер има бајаги работа во него... вака е само добро сочувана стара кола... со потенцијал...
« Последно менување: 04 Март 2014, 10:09:10 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
  • Custom made interiors
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1640 на: 04 Март 2014, 23:31:48 pm »
Олдтајмер си е олдтајмер...колата си е комплетно фабричка и здрава. Да се дотерат само некои ситници како штопови,фарови,браници, ретровизори... и ке биде топ.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1641 на: 04 Март 2014, 23:44:34 pm »
Олдтајмер си е олдтајмер...колата си е комплетно фабричка и здрава. Да се дотерат само некои ситници како штопови,фарови,браници, ретровизори... и ке биде топ.

ти појма немаш значи како изгледа ранкот за да некое возило се прогласи за олдтајмер... ако е возилото старо, а вози сеуште, тоа не го прави олдтајмер...

по твојава логика, ако компарирам потполно исто е да земеш да речеме сузуки свифт, му туриш алумински бандажи со нископрофилни гуми, му туриш и добар издув и да речеш дека имаш тркачко возило спремно за тркање... мало сутра...

да ги побарам негде по архивите имав комплетна листа како треба и што се треба да содржи едно возило за да биде прогласено и да добие титула олдтајмер...

абе тоа треба да биде во фабрична состојба, со оригинални материјали, оригинална боја. никој не рече дека не смее да биде тазе фарбано или тазе монтирани материјали туку мора да се оригинални како што фабриката ги предвидела и монтирала во тоа време...

знам една личност што само што истресе 340 евра за оригинални тапацири за фичо со врати што се отвараат однапред. исто така таа личност плати 500 евра за 2 кила боја која пред 35 години се користела за фарбање на тие заставини возила... па бркови па чуда... никловани рачки за прозор, за кваки, за ракохвати за затварање... а да... 400 евра даде за платното оригинално што се турало на седиштата... за ново да биде... тука искусен тапетар од стар ков го средуваше тоа... абе не смее да има ни точка корозија... не смее да има ни модификации НА НИШТО од оригиналната постава на монтажа... абе до боја на жици во инсталација се гледа... човекот за фиќото ДО СЕГА има дадено околу 6500 евра... а сеуште не е до крај средено... нарачуваше комплет под целосен.. му стигна во маст премачкан и запакован.. произведен пред 30 и кусур години... не врши рабпта ти да го направиш сега...

така мислите вие е тоа, имај старо возило кое треба да се исполира само и подсреди нешто и ете ти олдтајмер... доволно е да пали само... пази да не...

колку пати само реагирав кога некој ке напише дека продава за душа правено и РЕСТАВРИРАНО возило... реставрација е еден тежок процес и премногу скап... а РЕПАРАЦИЈА е она што тука го кажувате за пежово да му се среди... рачки мачки и ситници  некои... реставрирано возило не влегува во олдтајмери.. тоа тука ние си прајме филмови...

на бугар пежото треба да се прегледа и да се каже дали влага во олдтајмери или е само добро средено.. по сликите што ги гледав на неговиот профил релативно е блиску до олдтајмер ама треба да се прегледа според списокот... а ова плавава кола е даааааалеку од олдтајмер... само е интересна за правење кеиф...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13717
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1642 на: 05 Март 2014, 00:15:41 am »
Тоа е тоа :)

Да не навлегувам и каков вар треба да има и кои материјали треба да се користат, каква заштита, електрична инсталација, боја, пигменти..ѓаоли...

Е сеа има и друг момент кај што има т.н restomod кај што правите реставрација на школка по тие правила (дури и овие нашиве се барем толку писмени кога ги правеа правилниците за олдтајмери го потенцираат тоа - ако има модификација да биде во согласност со тоа време) и стандарди кои важеле тогаш.

Да речеме рестомод фичо преправено во Абарт.

Ептен долга тема е оваа, за жал кај нас имаме мајстори КРПАЧИ а не реставратори.

Тоа фали во овој бизнис кај нас. Да има мајстори кои Р-Е-С-Т-А-В-Р-И-Р-А-А-Т би праеле муабет. Кај нас ќе ти направи пункт вар над скапаница и ќе ти ја премачка со кит.

А да  заборавив, ако сакате права реставрација - не се користи кит. Се купуваат шипки олово и со бренер ќе си топите врз нерамнините и ќе стружите дур не се израмни.



Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1643 на: 05 Март 2014, 11:53:10 am »
на олдтајмер кога се поправа некое удрено-чукнато место... прво се исправа до точка колку што може... после се пескари до голо железо, па се прави ова со оловото и се фарба потполно исто со истите бои од пред 32+ години (напишав 32 зашто толку нај малку треба да е старо за да биде олдтајмер). и премазите и бојата и техниката воопшто.

позитивна работа кај оловото е што лесно се обликува, нема да се одвои и нема да пукне од лимот...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1644 на: 05 Март 2014, 12:03:45 pm »
Онак од кај податоков за 32 години? :)

35 години е
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1645 на: 05 Март 2014, 12:27:19 pm »
беше 35 па го смалија на 30 па го зголемија на 32... ама податоков ми е од пред некоја година додека сеуште се интересирав да правам некој олдтајмер... не сум проверил одамна... ако велиш дека е 35 и сигурен си дека е толку, тогаш го вратиле на 35 и во право си...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1646 на: 05 Март 2014, 12:52:02 pm »
Онак на моето Пежо само ретровизорите не се фабрички. Гумите се со датум 1970 година. Тркало никогаш не е извадено од кола. Бојата е фабричка, ентериерот исто.
Сеуште стојат лепенките за поминат тест за контрола на квалитет од фабриката. Лепенките на амортизерите, задниот мост (хипоиден со полжавест диференцијал) итн. И на тоа плавото фаровите му се оригинал ама предниот браник не е.
тоа е од постарите модели на 404.
Оквирите на фаровите кај тие модели не се никелирани.
Баш би сакал да имам уште 1 слично ама лимузина и тоа дизел, бензин не доаѓа во предвид. И да е бела боја.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1647 на: 05 Март 2014, 13:11:45 pm »
Бугар не можеш да најдеш ретровизори оригинал? Или и твоите се оригинал, али не се баш првите што биле на твојата кола?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1648 на: 05 Март 2014, 13:16:58 pm »
Бугар не можеш да најдеш ретровизори оригинал? Или и твоите се оригинал, али не се баш првите што биле на твојата кола?

Ги имам оригиналните ми фалат основите и едниот е пукнат зашто ми падна :(. Ќе земам 2 нови оригинал..

Отсутен freakyniki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 329
Одг: Олдтајмери..
« Одговори #1649 на: 05 Март 2014, 16:52:50 pm »
bugar daj link, sliki od tvoeto pezo, mn me zanima :P
Пеглал не пеглал....пегли време пролази