Eте, се запознав со - за мене - нов термин во ф1 - негативна деградација на гумите (negative tyre degradation).
Трката на Кими во Австралија беше класичен, школски пример за негативна деградација на гумите.
Овој феномен е овозможен со забраната на дополнување гориво во текот на трката, што значи дека како што тече трката колата станува се полесна и полесна. На почетокот на трката е најтешка, а во последниот круг најлесна. Од друга страна, гумите се менуваат барем еднаш, типично два или три пати.
Е сега, во принцип постојат два можни пристапи на менаџирањето на гумите:
1. Забрзано ги трошиш додека се нови а колата потешка (ради горивото), во борба за позиција. Овој пристап е и доста интуитивен (но не заборавјте дека интуицијата во автомобилизмот често знае дрско да излаже!) бидејќи нови гуми е пожелно што побрзо да се разработат, загреат на работна температура, а и онака најмногу грип треба кога колата е најтешка. Кога колата е полесна, може да се вози и со помалку грип.
2. Додека се нови ги пазиш и ги чуваш за пред крај на трката, кога колата ти е лесна како партал и после ЕМ имаш сочувани гуми, ЕМ лесна кола = констатно добри времиња (и фастест лап во последен круг).
Кими го направи бр. 2. Неговиот тим добро процени дека со просто избегнување на борбата за пласман додека колата е тешка (=многу брзо трошење на гумите) и наместо тоа оставање да се возат кругови во позиција каде што нема борба („чист воздух“) ем ќе ги заштеди гумите со што ќе се елиминира потреба од трето влегување во бокс, ем на крај колата ќе има ПОВЕЌЕ грип отколку на почетокот и средината на трката, затоа што колата е многу лесна, а гумите имаат уште месо и не се потрошени до мера да губат грип или ризикуваат уништување. Со други зборови, добитокот во грип од леснотијата на колата го надминува губитокот на грип од деградацијата на гумите, па ефективно резултантниот грип е поголем.
Тоа ефективно подобрување на грипот се вика „негативна деградација на гумите“ - гумите на крајот од трката се, јасно, најистрошени, но колата - парадоксално - има најдобар грип (ради претходното сочувување на гумите + леснотијата на колата ради потрошеноста на горивото).