Момци, значи насловот кажува се, кога врне дожд и времето е лигаво што би се рекло, за жива глава не пали опелов, ни на бензин, ни на плин, ни со саух ни без саух. Вчера беше суво, палеше од прва, денес времево врне, нејке да запали.
Сега едвај со таткоми на влечење го запаливме, едно 200 метри го влечевме и едвај запали. И кабли ке му смениме, свекици, кондензатори се и сешто, и пак иста приказна кога ке врне надвор.
Еве сеа на работа сум, незнам вечер дали ке запали, плус и ми сецкаше сега кога идев накај работа, излеа малку и пресисан е, оти и во вожња кај последна 24 во кисела вода ми изгаси, па срека надолно е, ја пуштив надоле и запали, а на клуч исто не сакаше