Никогаш не сум имал дизел возило, а и не планирам да имам

Колите кои ги имам поминуваат до 5000 км годишно, така да, немам потреба да купувам дизел. Плус, дизел возилата се и поскапи за одржување од бензинците.
Е сега, потрошувачката кај бензинците е поголема отколку кај дизелите, башка дизел горивото е и поефтино, но, во мојот случај, тоа и не ми значи премногу.
Премногу размислував за Алфа 159 ТБИ како следно возило, ама, окото ми гледа накај нова кола, и дефинитивно размислувам за Шкода Октавиа 1.4 ТСИ со 150 бензински коња.