Мислам дека не е толку битно кој колку троши, колку што е битно дали и колку си задоволен од тоа што го троши
Муабет на место.
Астрата со 115 КС се сеќавам покажуваше и и 10.5 градска.
Ама била нова, имала variable valve timing и штотинезнам што..
Абе 10.5 литри за 115 КС 1.6 моторче е многу и тачка.
После знам другар ми купи Фокус од 90 КС кој трошеше 13.
Па тоа би го запалил со канта бензин уште првата ноќ.
Значи..
Било кој дизел > мали бензинци атмосферци..Факт.
Од друга страна Калибрава трошеше 11.5 литри градска на предни - скоро исто колку 220Д Е класа - 10 години понова и многу други турби дизели со упола послаби перформанси а сличен мотор.
Значи ..
Турбо бензинци ( макар и од 90 тите) > турбо дизелаши до 2000 цц...оние без турбо не ги ни есапам...
Е сега...2000 cm3 турбодизел посебно упикан во некое Голфче или Астра ем иде, ем влече ем не троши...
Тука ретко кој бензинец може да се држи од секаков аспект..(перформанси, економија)..но во старт е поскап и кога истата сума на пари би ја потрошил на бензинец со слични димензии, ќе завршиш со кола која го мачка на леб дизелот..
Затоа..во случајов
Дизел>бензин ако целта ви е пред се економичност и прифатливи перформанси.
Бензин>дизел ако целта ви се перформанси и прифатлива економичност.
Турбодизел над 2000 цц е веќе "мрсничок" и неговите перформанси се изедначуваат донекаде со турбо бензинците до 2000 цц, но потрошувачката е исто зголемена, а цената во плафон.
Чисто за илустрација, 2010 БМВ 330 Д е факинг 6 секунди до 100 ка. 250 КС и 500 Нм...Дизел...али кошта бре.
Значи..
Дизелот секако ќе биде по исплатлив ако се вози на отворено...нема муабет.
Но, низ град секако ги лапа над 10-11 литри. Значи ем ќе го платиш поскапо, ем низ град ќе ти троши колку 2000 турбо бензинец, ем за нијанса ќе бидеш поспор..Но на отворено си крал..и газиш 180-200 додека на борд не покажува над 9-10 литри.
Во случајов Дизел = Бензин бидејќи тука веќе ствар на избор зависно од тоа каде и како и за што се вози колата..
И за крај...
Бензинец над 2500 цм3 (па се до v8) е луксуз во секој поглед и се зима строго заради добри перформанси и смешно да прашаш за економија.
Од друга страна, турбо дизел со повеќе од 6 цилиндри е тешка глупост од секаков аспект.
Значи во случајов...Бензин > Дизел.
Ова е моето скромно, нестручно мислење после 1215 страни во темава.
И така... :
