Толку многу се разбираме со дизелашов, што најчесто го возам на 1500рпм, но имам и режими на 1000рпм, 4та 40кмх. Многу е битен стилот на возење, тој може да намали до 2 литри. Мојата кола во други раце знае да потроши 6 литри градска, мене ми троши 4.6 со последниов резервоар, 80% градска. Низ град возам пензионерски, со крузање, глајдање, како и повеќето формуџии, брзина од 30-60кмх. А така и треба да се вози низ град каде на секој чекор демнее неочекувана опасност и треба да се внимава максимално и да може да се закочи на време. Скопје е друга приказна, таму не смееш да возиш бавно, ќе те убијат. Таму возам вака:

Не гледам на потрошувачка ниту колку брзо возам, туку гледам да не ме лупне некој од лево, десно, назад, напред, од небо. Обично 60-100кмх низ град.
На отворено ја пуштам да дише слободно, според условите на патот, ако има услови за максимална тогаш ја пуштам на максимална. Вообичаена патна брзина брзина на широки регионални патишта и автопати 120-160кмх. Немам пробано колку ќе извади на отворено со вожња од 80-100кмх, мислам дека би паднала под 4.
CDTi e силен мотор со голем потенцијал за тунинг, но троши 2 литри повеќе од TDi. TDi троши 1 литро повеќе од HDi. 1.9 CDTi 16v моторите што ги возев воопшто не подржуваа ниски вртежи, тресеа и бучеа. Може до примероците да беше, но бараа над 2500рпм, што ми немаше никаква логика, и затоа ги баталив. италијанска машина
