Турбо бензинците со директно како што знаеш сеуште се непогодни за плин и најверојатно така и ќе остане. Јас сеуште нема видено плинаш без компромиси. Кој беше членот на форумов што ги изгоре вентилите на нова тојота после само 500км, кој му плати нов мотор?
Кај го ставате одржувањето на плинскиот уред? Освен редовното одржавање, плинските дизни издржуваат максимум 150.000, после мора нови 350 евра. Плинскуиот еку црка исто така, 350 евра. Не сте ни свесни дека ви се изгорени катализаторите, 500 евра. Изгорени вентили за кратка километража, 200-1000 евра. Сецкање, губење снага гратис. Багажник уништен.
Плинаш без компромиси би бил плинаш:
-турбо бензинец кој фабрички е спремен да работи на плин.
-да не губи на снага.
-има плински резервоар и мал бензински резервоар, така што нема да е уништен багажникот.
-бидејќи фабрички е инсталиран целокупната инсталација е перфектна ништо не е бушено сечено лепено.
-фабричка инсталација за струја, фабричко еку со параметри за плин и бензин. Еден еку за плин и бензин, пак ќе мора 2 пара дизни.
-мотор отпорен на високи температури предизвикани од плинот.
-најважно од се: регулирани плински станици, контрола на квалитетот на плинот и постојаност на квалитетот на плинот. Ова засега е ненадминлив проблем кај плинарите, затоа што сега тие го штеловаат уредот само за 1 тип на плин, односно плинска боца. Наточи нова боца, друг плин и чек енџин.