Тоа е суровата реалност. Мора да се плати колата што си ја купил, не ја даваат бесплатно. 
Реалноста е сурова.
Ако нов Пасат чини 25000 евра, и ти треба 30% учество за да го земеш на кредит, тогаш треба на старт да шибнеш 7500 евра за да ти дадат клучеви.
Остатокот од 17500 треба да го отплатиш на 5 години, или околу 3500 евра годишно, односно 291 евро секој месец. ОВА Е СУМА БЕЗ КАМАТА.
Ако имаш приход од 950 евра месечно, автоматски ти остануваат 659 евра за трошење.
Ако живееш сам и мама и тато ти го решиле кровот над глава, и не треба да мислиш за стан/куќа тогаш 659 евра ти се повеќе од доволни за самец.
Ако треба да плаќаш од тие 659 евра и рата за стан (околу 300 евра месечно), да школуваш деца, да платиш комуналии за стан/куќа, да купиш облека и храна, да одвоиш пари за годишен одмор, тогаш нема да возиш нов Пасат.
