Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1886572 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13740 на: 31 Декември 2013, 07:53:29 am »
Другар, дизелот од овие две видеа не е појак.

Да, во право си.

На овие две видеа моторите се цедат до крај, а при такво возење бољи е бензинецот.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13741 на: 31 Декември 2013, 09:46:28 am »
Затоа збира полесно, а имаат иста максимална брзина.

Немаат иста максимална брзина.
Кај бензинецот се уклучува лимитерот на 260 км/ч а дизелот испушта душа на 245 км/ч.



Освен потрошувачката, во се е подобар бензинецот за исти пари (набавни на возило - Филип). Обртниот момент го збира 250 рпм, порано а разликата во силата е под 10% (350 Nm вс 380 Nm). Затоа што бројот на вртежи помеѓу MAXTorque(min rpm) - MAXTorque(max rpm) брзините се стокмени за подобро забрзување.

Така да муабетот оди во 5-та на стража заврши пред 10 години. Оди овој случај за истите пари (набавна цена на возилото - Филип) истава кола со бензинскиот мотори ќе оди подобро во сите случаи освен во оној кога имаш фискиран параметар - пари за гориво.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13742 на: 31 Декември 2013, 09:49:40 am »
Bramovsk, муабетот за 5та на стража кај бензинците не е ни почнат...

туку доста споредувавте баби и жаби, еве како се однесуваат дизел и бензинец со иста снага


Или слична:

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13743 на: 31 Декември 2013, 09:52:34 am »
Освен потрошувачката, во се е подобар бензинецот за исти пари (набавни на возило - Филип).

Не, не е во се подобар, а тоа го утврдивме уште пед повеќе месеци кога ги споредувавме 2.0 тди и 2.0 тси со слична набавна цена на возилото. Освоен ако „се“ не е драг рејс. Ако тоа е „се“, тогаш подобар е.

Во вртежите во кои обично се вози, тди-то е малце појако, па така за секојдневно возење е подобар дизелот. Со цепнат гас у четврта на 60, повеќе ќе повлече (дизелот ќе продуцира поише коњи т.е. поголем вртлив момент на погонските тркала). ТСИ-то е во предност таму некаде над 4000 рпм, но во тие вртежи ретко се вози.

Доста се резилите со она „само потрошувачка и ништо друго“. Зборувате ко напалени тинејџери кои вчера земале дозвола, а не како зрели и искусни познавачи на автомобилизмот.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13744 на: 31 Декември 2013, 09:56:17 am »
Тоа само во Мк може да се споредуваат перформанси на коли по цена или по кубикажа, по после во драг рејс дизелот губел. 1.4 ХДИ 70 вс 1.4 ТСИ 14, драг рејс, задоцнето палење.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13745 на: 31 Декември 2013, 10:31:20 am »
Освен потрошувачката, во се е подобар бензинецот за исти пари (набавни на возило - Филип).

Не, не е во се подобар, а тоа го утврдивме уште пед повеќе месеци кога ги споредувавме 2.0 тди и 2.0 тси со слична набавна цена на возилото. Освоен ако „се“ не е драг рејс. Ако тоа е „се“, тогаш подобар е.

Во вртежите во кои обично се вози, тди-то е малце појако, па така за секојдневно возење е подобар дизелот. Со цепнат гас у четврта на 60, повеќе ќе повлече (дизелот ќе продуцира поише коњи т.е. поголем вртлив момент на погонските тркала). ТСИ-то е во предност таму некаде над 4000 рпм, но во тие вртежи ретко се вози.

Доста се резилите со она „само потрошувачка и ништо друго“. Зборувате ко напалени тинејџери кои вчера земале дозвола, а не како зрели и искусни познавачи на автомобилизмот.

Ене ги Oктавиите баш тоа ти го покажаа, TSI-to е во предност од 0 -7000 рпм нема место каде што TDI-то може да оставри приметна па и било каква предност. Доста се резилиш со твоето „реално возење“ исто се вози TSI како дизелот секој ден во секое време ако сакаш така да го возиш. Никаде нема предност дизелот ни со гас до даска ни со гас на пипкање.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13746 на: 31 Декември 2013, 11:11:10 am »
Графиците не го велат тоа. Графиците велат дека бензинецот е во предност над 3500 или така-нешто вртежи.

Од 0 до 3500 рпм дизелот е појак.

Значи, цепнат во високи вртежи - бензинецот е појак. Но тоа не се „сите режими“ ниту е „0-7000“. Бензинецот е појак само во втората половина од вртежите, вртежи во кои при нормално возење ретко се вози. Океј? При нормално возење, со шалтање докај 3000-3500, дизелот е појак, т.е. продуцира поише коњи. Ако ни со цртањево не помага, ако и даље се инатите дека бензинецот е „секогаш во сите режими 0-7000 бољи“... тогаш не знам што да кажам.

Значи, ако вртежите се 3000 или помалце (какви што се во 99% од времето!) и ако гасот се цепне до крај, дизелот ќе повлече повеќе т.е. ќе продуцира повеќе торк на погонските тркала. Појако ќе те залепи за седиште. Тоа е уште една предност на дизелот, покрај потрошувачката: при нормално возење е појак.





За драг-рејс, тси-то е подобро и тука нема никаква дилема. За нормално возење со шалтање докај 3000-3500 дизелашот е бољи и тука - исто така - нема никаква дилема.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13747 на: 31 Декември 2013, 11:19:51 am »
Гледај тогаш само во 6-та брзина, таму нема менување.
Ако тоа не е нормално возење, кажи кое е?

1000 рпм у 6-та нормално??

Нормално е онака како што сите возите секој ден.

И при такво возење дизелот е појак.

Освен потрошувачката, во се е подобар бензинецот за исти пари (набавни на возило - Филип).

Во вртежите во кои обично се вози, тди-то е малце појако, па така за секојдневно возење е подобар дизелот. Со цепнат гас у четврта на 60, повеќе ќе повлече (дизелот ќе продуцира поише коњи т.е. поголем вртлив момент на погонските тркала). ТСИ-то е во предност таму некаде над 4000 рпм, но во тие вртежи ретко се вози.

Доста се резилите со она „само потрошувачка и ништо друго“. Зборувате ко напалени тинејџери кои вчера земале дозвола, а не како зрели и искусни познавачи на автомобилизмот.

Друже ај малце застани и размисли што си напишал.

Прво, тест на силата од 1000 до 2000 вртежи во минута, во степен во кој бензинецот постигнува повисока максимална брзина не ти е релевантен, после една страна пишуваш дека бензинецот само над 4000 вртежи имал предност, ама тоа не било реално возење.

Секоја споредба во која бензинецот победува, за тебе по автоматизам е во некој нереален режим. Цело време се фалите, ќе сте претицале камион на автопат во висока брзина без потреба да шалтате, и еве ви тест каде што турбо бензинец со иста цена, го прави пуздер дизелот во таков тест и одма тоа станува ирелевантно и тотално неупотребливо во реален живот.

Наспроти сите ваши стереотипи со корени од минатиот век, турбо-бензинецот развива поголема сила на пониски вртежи, иако на хартија дизелот има малку поголем торк.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13748 на: 31 Декември 2013, 11:26:14 am »
http://www.zeperfs.com/en/duel1488-1543.htm

Еве една споредба каде истотака бензинецот е подобар,ама толку многу малку подобар шо во никој случај не си поигрува со дизелот или бриши под со него.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13749 на: 31 Декември 2013, 11:30:55 am »
Зборев за тестовите што ги објави TSI, затоа што тие беа отфрлени како ирелевантни. Инаку секако, има варијации во разликите кај различни производители

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13750 на: 31 Декември 2013, 11:32:13 am »
Меѓу 2000-3500 кој има поголема сила значи? Таму кај што се вози 99% од времето?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13751 на: 31 Декември 2013, 11:33:30 am »
Избројте, мене ме мрзеше искрено

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13752 на: 31 Декември 2013, 11:33:44 am »
Друже ај малце застани и размисли што си напишал.

Важи. Одиме:

Прво, тест на силата од 1000 до 2000 вртежи во минута, во степен во кој бензинецот постигнува повисока максимална брзина не ти е релевантен, после една страна пишуваш дека бензинецот само над 4000 вртежи имал предност, ама тоа не било реално возење.

Да. Возење на 4000 рпм не е реално возење. Не веруваш? Ѕирни во сопствениот обртомер додека возиш.

Секоја споредба во која бензинецот победува, за тебе по автоматизам е во некој нереален режим.

Да. Драг рејс е нереален режим, не во смисла што драг рејсингот е не се случува во реалноста, туку дека секојдневното возење не е такво.

Цело време се фалите, ќе сте претицале камион на автопат во висока брзина без потреба да шалтате, и еве ви тест каде што турбо бензинец со иста цена, го прави пуздер дизелот во таков тест и одма тоа станува ирелевантно и тотално неупотребливо во реален живот.

Не го прави пуздер. Види ги графиците.

Наспроти сите ваши стереотипи со корени од минатиот век, турбо-бензинецот развива поголема сила на пониски вртежи, иако на хартија дизелот има малку поголем торк.

Повторно: види ги графиците. Таму имаш не само торк туку и киловати. Очигледно ќе треба да ги толкуваме заедно. Па, ајде, ќе заборавиме на торкот, гледаме само коњажа:

1500 рпм: тди 74 коња, тси 70 коња
2000 рпм: тди 108 коња, тси 100 коња
2500 рпм: тди 134 коња, тси 120 коња
3000 рпм: тди 160 коња, тси 147 коња
3500 рпм: тди 181 коњ, тси 174 коња

Над 3500 и само над 3500: бензинецот е појак.

Toa значи дека ако при секодневното возење шалташ докај 3000-3500 рпм, дизелашот ќе биде појак. Не многу појак, но појак.

А ако пак некој каже дека „не, не, од 0-7000 бензинецот е појак, во сите режими е појак“ тогаш... тогаш не знам што повеќе да кажам.

Да не ме разбереш погрешно: мојот респект кон тси моторите е бескраен. Милина е да ги возиш. Но дека биле секогаш во сите околности појаки од соодветниот дизел, тоа е просто неточно.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13753 на: 31 Декември 2013, 11:37:09 am »
едно те исто цело време...

ај да ја заокружиме оваа баксузна година со 1000 страни... ве предизвикувам дека неможете толку многу да се повторате себеси и да наполните само уште 83 страни (1240 поста)...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #13754 на: 31 Декември 2013, 11:45:05 am »
2012 BMW 535i
2979 cm3 Line 6
Valvetronic
Twin Turbo
Power: 306 PS
Torque: 400 Nm
Curb weight: 1685 kg
Top speed: 250 km/h
0-100 km/h (s): 5.8
0-1 km (s): 25.1
Fuel consumption: EU urban/extra-urban/comb.:
11.1 / 6.3 / 8.1 l/100km
CO2 емисии во гр/km 188-194

2012 BMW 535d
2993 cm3 Line 6
Twin Turbo
Power: 313 PS
Torque: 630 Nm
Curb weight: 1725 kg
Top speed: 250 km/h
0-100 km/h (s): 5.5
0-1 km (s): 24.5
Fuel consumption: EU urban/extra-urban/comb.:
6.5 / 4.8 / 5.4 l/100km
CO2 емисии во гр/km 142-148



Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need