Зошто гњавиш толку? Ова е кафански муабет, на форум вака не се дискутира. Кажи што ти е поентата, да расчистиме во два поста.
Јас својата поента ја кажав во минатите неколку стотини страни. Не ме мрзи пак да ја повторам:
помалата специфична потрошувачка во реалноста зналчи поголема просечна снага. Но, бидејќи оваа поента беше оквалификувана како „глупости“ и „свашта“, чувствувам потреба одново да ја презентирам, овој пат во разбирлив чекор-по-чекор облик.
Но, наместо тоа, гледам патерн: секогаш кога ќе се доближиме до поентата која сакам да ја пласирам, дискусијата насилно се прекинува со сарказам, со „не се дискутира вака“, со „не ми се збори за банални работи“, со „ахахаха“ итн. итн. Тоа ми го зборува следново: чувствувате каде сакам да одам со поентата, сфаќате дека сум во право и за тоа да не се познае - не дозволувате да завршам со маевтичкиот пристап.
Но, кога веќе спомна, објасни ми: како се дискутира на форум? Како во кафана? Поточно, дали во дискусија на форум треба да се запазат правилата за дискутирање кои тука ги постирав во повеќе од една пригода?
Или, уште подобро: дали на форум се дискутира во форма „прашање - одговор“? Или не?