Сеуште не сум сретнал доволно рафиниран дизел со околу 100 КС. Има добри, ама не доволно добри за комплетно да го анулираш моментот со тропање како трактор.
Исто така, за просечен дизел со околу 100 КС во хеч, ќе треба да доплатиш нешто повеќе, отколку за истиот модел на хеч, со просечен бензинец со околу 100 КС. Во зависност од експлоатација, ќе можеш да ја вратиш првичната дополнителна инвестиција за извесно време. Или ако се решиш за бензинец, ќе можеш да жртвуваш некои работи, и да ја конвертираш колата на плин, па да ти биде уште поевтина за возење од дизелот
