Еве, да не се мачиш да кликаш по претходните страни, ова остана неодговорено:
2. Кога ќе кажеш дека е „факт“ дека тб има подобри перформанси од тд, зборуваш за максимални или просечни перформанси?
2.а. Дали воопшто признаваш дека постои дистинкција меѓу тие две нешта?
3. дали се согласуваш дека реалните перфоманси, за разлика од максималните, зависат од тоа колку е стисната папучата за гас?
Ај уште еднаш. Се надевам дека ова ќе биде последен пат како се спомнуваат фрази како „реални перформанси“, „максимални перформанси“ и „просечни перформанси“.
Сега читај внимателно.
одговор на 2. Зборам за перформанси. Без никакви претставки. Тоа се оние перформанси што се добиваат во хипотетичката ситуација кога цената на горивото не е важна.
одговор на 2.а. Да направиме претпоставка дека имаш на располагање Ферари 458 и Ауди А4 2.0 ТДИ. Притоа имаш 500 денари за гориво со кои треба да стигнеш од Скопје до Маврово. Со А4 со толкава количина на гориво ќе можеш тој пат да го поминеш со многу брзо возење (под услов дека нема да те застане полиција), а со 458 ќе се влечеш како полжав и ако си верник ќе се молиш да не те остави без гориво на некоја опасна делница.
Е сега, доаѓаме до важниот дел. Внимавај. Овој расплет на настаните е
последица на економичноста на моторите, не на нивните перформанси (што точно се прформанси е дефинирано во одговорот на 2.).
Ако едно возило троши 300 денари на 100km при 120km/h, а друго троши 300 денари при 100km/h на истата делница првото ќе стигне побрзо (тука ти веројатно би пишал ќе има поголеми „реални перформанси“) од второто при тоа патување, под услов двајцата да имаат само 300 денари на располагање за тој пат.
Оваа е директна последица на економичноста на возилото и управувањето со ограничени ресурси и
не се нарекува „реални перформанси“ ниту пак „просечни перформанси“, туку се вика
потрошувачка на гориво при одредени услови. На сите спецификации за возила така е наведено. Тука апсолутно неважна е моќноста на моторот и колкав вртежен момент има при х вртежи.
Само потрошувачката е доволна за да се опише режимот на возење на моторите со таа дадена потрошувачка при таков ограничен буџет. Само кога буџетот ќе ја надмине цената на горивото за патот, без разлика на режимот на експлоатација, во игра влегуваат торк кривите и сите други работи што влегуваат во категоријата перформанси, се до тогаш потрошувачката е пресудниот фактор.
одговор на 3. прочитај го одговорот на 2.а
Се надевам ќе расчистиме конечно со овие глупости и веќе нема да се прекрстуваат поими зашто така ви изгледаат по кул (пр. „потрошувачка“ во „реални перформанси“).