Кога кажав вие, мислев на сите што го бранеа графикот што покажува предност на дизелот, кога се работи за перформансите.
Сто пати сме дискутирале за тоа и уште не сме стигнале до решение на проблемот, како се споредуваат мотори. Како се дефинира класа. Дали е по зафатнина, по цена, или по максимум на киловати.
Цел свет ги споредува по првите два критериума, вие ги споредувате по последната.
Зошто? Затоа што торкот кај дизелот паѓа на крајот на вртежите, побрзо одколку кај бензинецот, а тоа е токму областа кај која се добива најголемиот број за киловатите на еден мотор. Со тоа сакате да ги израмните двата мотори во опсегот во кој вашиот мотор (оној за кој навивате) е хендикепиран.
Според тоа многу е лесно да се победи дизелашот по таа категорија. Едноставно со нова програма на микроконтролерот, можеме да го хендикепираме турбо бензинецот, за неговата торк крива да падне пострмно при крајот на вртежите и ќе ја намалиме неговата максимална сила, но ќе можеме да отидеме и да си го мериме со многу послаб дизел заради тоа (според вашиот критериум).
Затоа таа споредба е нерационална и никој не ја користи. Автомобилите не се ограничени според бројот на киловати, туку според просторот, цената. Затоа цел свет така ги прави споредбите.