Гласање

Choose your destiny!

Бензин
241 (58.5%)
Дизел
171 (41.5%)

Вкупно гласови: 412

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 2538275 пати)

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11610 на: 05 Септември 2013, 16:31:17 pm »
На пример возам во 5-та на 2500 вртежи при што вртежниот момент е 87NM. Кога ќе вратам во 4-та вртежите ќе се качат (да претпоставиме) на 3000 вртежи при што вртежниот момент е 108NM. Според тоа со промената во понизок степен на преносот на моторот ќе добие на моќност и тоа: (108 * 3000) / (87 * 2500) = 1.49 односно +49% во однос на тоа кога бил во 5-та брзина.

Врска ти нема математикава.

http://www.autoguide.com/new-cars/2013/mazda/mazda6/i-sport/4dr-sdn-man/specs.html
Trans Type    6
Trans Description Cont.    Manual
First Gear Ratio (:1)       3.454
Second Gear Ratio (:1)    1.842
Third Gear Ratio (:1)      1.310
Fourth Gear Ratio (:1)     0.970
Fifth Gear Ratio (:1)       0.795
Sixth Gear Ratio (:1)      0.680
Reverse Ratio (:1)            3.198
Final Drive Axle Ratio (:1) 4.388

Да направиме заменка „М“ за вредноста на торкот на моторот во вртежниот опсег во кој се наоѓаш.

Кога возиш во било кој степен на пренос кон тркалата се пренесува М * [koef. на преносот] * [final Drive Axle Ratio]

Во петта брзина математиката е М' * 0.795 * 4.388 = M' * 3.48846
Во четврта брзина ..  М" * 0.970 * 4.388 = M" * 4.25636

Ако претпоставиме дека возиш бензинец со права торк линија, која е еднаква без разлика на вртежите (M' = M"), се добива дека со промената од 5та во 4та си добил 22% зголемување на вртежниот момент на тркалата.

Може тука да се додадат и загубите во преносот, ама ако претпоставиме дека се отприлика исти во секој степен, може и да ги занемариме.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11611 на: 05 Септември 2013, 16:50:17 pm »
Повелете турбо бензинец на плин:

Здраво Леон,

Најпрво се извинувам што добиваш одговор со мало задоцнување, тоа е поради преголемите обврски што ги имаме деновиве.

Од нашите добавувачи Тартарини, АГ Центрум и Виале единствено систем за твоето возило има Виале.

Плинскиот систем Виале работи на течна фаза, т.е. плинот се вбризгува во цилиндрите во течност ( преку бензинските дизни ) со што се овозможува ладење на истите и минимални можност за нивно оштетување, а главна предност е тоа што возилото работи 100% на плин.

Потрошувачката ќе биде за 15-20 % поголема од потрошувачката на бензин, а моќноста идентична како на бензин.

Гаранција 2 години.

Цената за Виале е:

Виале ( универзален систем  )  - 2 200 евра
Виале ( типски систем ) - 2 400 евра

Поздрав

Гратис, нова и неиспитана технологија со багови, во превод детски болести.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15123
  • Пудингот на шоферството
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11612 на: 05 Септември 2013, 16:52:00 pm »
Повеќе од доплата за дизел. :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11613 на: 05 Септември 2013, 17:16:05 pm »
Цитат
Карактеристиките на моторот не се променуваат со менувачот, тој секогаш ке има исти Снага [KW] и исто вртежен момент [Nm] за даден број на вртежи без разлика од менувачот.
Токму така менувачот не ги менува карактеристиките, но кога ќе промениш брзина го менуваш бројот на вртежи, а тоа резултира со промена на моќноста на моторот добиени и на радилица и на тркала, како што објаснив малку погоре.
Промената на вртежите е последица на твојата желба да го доведеш моторот во пооптимален режим на работа заради условите во моментот на експлоатација.
Промената на вртежите можеш да ја направиш и без промена на степенот на пренос и моторот да го доведеш во позиција да произведува поголема моќност.

Цитат
Тоа што менувачот го променува е наќинот на кој што овие карактеристики се пренесуваат до тркалата.
Точно. Менувачот во различни брзини има различна инерција и загуби. Истото тоа се гледа на графикот погоре каде се направени мерења на еден ист автомобил во 5-та и 4-та брзина и добиени се различни графици за вртежниот момент и моќноста.
Добиените разлики на Max Power заради различниот степен на пренос се 2,4% и се ред на величина помали од номиналната вредност т.е. занемарливи. Се должат главно на загуби во преносот зашто мерењата се вршени на тркалата. Ако менувачот ја променуваше снагата а не само силата тогаш разликите ке беа многу поголеми од 2% зашто пренисниот однос помеѓу 4 и 5 брзина е многу поголем од 2,4%.

Цитат
Со промена на понизок степен на пренос се редуцира аголната брзина, а за сметка на тоа се мултиплицира вртежниот момент на тркалата за константа брзина на моторот. Со тоа се добива поголема сила на тркалата.
Не го сватив делот со мултиплицирање на вртежниот момент. Со промената на аголната брзина се менува вртежниот момент но не со некооја проста формула на множење туку таму играат улога миљарда фактори (времето на отварање и затварање на вентилите, палењето и предпалењето, дозирањето на гориво, компресијата и многу други). А тоа можемме да го видиме од графикот погоре каде се гледа дека вртежниот момент е сложена крива.  
Не си го сватил зашто си го пропуштил болдираниот дел.
Карактеристиките на моторот дефинитивно се дадени преку графикот и тоа е карактеристиката на моторот за Вртежен момент / број на вртежи. Тоа е техничка карактеристика на дадениот мотор и не постои менувач кој ќе ја промени. Затоа снагата т.е. моќноста на моторот константна за одреден број на вртежи на моторот. Не постои менувач што тоа ќе го промени, а ако постои тогаш е Перпетуум мобиле. Менувачот само ја редуцира/мултиплицира дистрибуцијата до тркалата.
Ако крајниот преноцен однос i=1 тогаш дистрибуираната сила т.е. момент од радилица ќе биде иста и на тркалата (намалена за загубите - клима, алтернатор, пумпи, фрикција...)

Цитат
Кај Гојдо снагата (одомаќинет србизам) мислам дека е всушност силата и во тој случај е во право.
Снага на српски е моќност на маедонски, и јас каде што сум пишал снага мислам на моќноста.
Ако си мислел така, тогаш е погрешно.

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11614 на: 05 Септември 2013, 17:29:16 pm »
Значи турбо-косилиците,трошат. 8)

Turbo benzincite trosat i toa ohoho.....Astra 1.4 turbo vo nrmalna gradska veleska voznja mi pokazuvashe 10.5 na bord, ako stisnes podobro ne gledaj kolku pisuva na displejot, nad 20 odi.

Во нормална градска (летна) прилепска вожња BMW 116i - 1.6 атмосферски 10.5 л/100.
Во релаксиран скопски сообраќај во сабота исто возило 8,7 л/100, со многу гужви 11,5л/100.
Со газење во секое време без напор 14 л/100.
На отворено по знаци  5,6 -5,9 л/100
На мешано отворено со здраво газење по автопат од 140-200 (просечна крајно 125км/ч) 7.7 л/100

сите бројки се нормални за бензинец освен болдираните. Сум пробал многу бензинци, и оваа потршувачка сум ја остварил 1-2 пати, со возење 60-70кмх во 4та и 5та. Пример бемвето е46 318i не може да се спушти под 8 литри на отворено, со било каква вожња.

Колку ти лажи компјутерот?

Веќе постирано во „Измерена потрошувачка на гориво“
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,472.msg481750.html#msg481750

Прилеп - Грција (~100км низ Солун) - Прилеп
трип: 630 км
просечна брзина: 94 км/ч
просечнo на борд: 6,3 л/100

На делница Прилеп (Лук Оил Плетвар - Лук Оил Боготодица)
трип: 133 км
просечна брзина: 104 км/ч
Допполнето до капаче: 590 ден - 7.5 л
Просечно на борд: 5,7 л/100
Просечно по пресметка: 5.65 л/100

Возење 10-20 над дозволеното со кратки излети 150-180 низ мк

BMW 116i, товарена, полн гепек, без кровен куфер, гуми нормално напoмпани 2.4/2.6 бари.
Вратен дома со 1/4 резервоар: околу 15л, надоплнет со скоро 40л / 630 км = 6,35 л/100 по пресметка.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11615 на: 05 Септември 2013, 17:34:11 pm »
Ти ли ќе му кажуваш на ЛП колку ти троши ?

Отсутен ZokiPet

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11616 на: 05 Септември 2013, 17:57:51 pm »
Хм, велиш, воопшто и да не пробувам, а?

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11617 на: 05 Септември 2013, 17:59:31 pm »
Повелете турбо бензинец на плин:

Здраво Леон,

Најпрво се извинувам што добиваш одговор со мало задоцнување, тоа е поради преголемите обврски што ги имаме деновиве.

Од нашите добавувачи Тартарини, АГ Центрум и Виале единствено систем за твоето возило има Виале.

Плинскиот систем Виале работи на течна фаза, т.е. плинот се вбризгува во цилиндрите во течност ( преку бензинските дизни ) со што се овозможува ладење на истите и минимални можност за нивно оштетување, а главна предност е тоа што возилото работи 100% на плин.

Потрошувачката ќе биде за 15-20 % поголема од потрошувачката на бензин, а моќноста идентична како на бензин.

Гаранција 2 години.

Цената за Виале е:

Виале ( универзален систем  )  - 2 200 евра
Виале ( типски систем ) - 2 400 евра

Поздрав

Гратис, нова и неиспитана технологија со багови, во превод детски болести.
А фино лепо, во Плимонт го викаат ова:

Пронајди го моторот како во случајот, Леон 1.4 ТСИ 92 кв., а цената на таков уред во Плимонт е,

Повторно пласираш информации  само за да манипулираш. МАКПЛИН му дале понуда за плин во течна фаза кој е 1000 Е поскап и кој е сеуште ти што викаш нова и неиспитана технологија.
Плимонт има понуда и за плин во гасна фаза која е испитана технологија и со која нема да има 15-20% повисока потрошувачка.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11618 на: 05 Септември 2013, 20:20:02 pm »
Хм, велиш, воопшто и да не пробувам, а?

Јас за последниве 4 коли имам поминато преку 300kkm и он верувај ми знае и како возат и колку трошат и што не им чинело уз пат, поарно од мене. Ако кажам нешто што он не го „одобрил гарант“ измислувам.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11619 на: 05 Септември 2013, 20:22:29 pm »
Бојан,
Како може јас да манипулирам со официјални податоци од фирма. Се читаш ли што зборуваш?

Второ, ти манипулираш со тоа што не кажуваш дека другиот плински уред има плински дизни и паралелно троши и бензин, во сооднос 30-70%. И вториот плински уред е нов на пазарот, и ниту еден форумаш нема муда да го стави во своето возило.
« Последно менување: 05 Септември 2013, 20:34:45 pm LosiPatista »

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11620 на: 05 Септември 2013, 20:34:19 pm »
Хм, велиш, воопшто и да не пробувам, а?

Јас за последниве 4 коли имам поминато преку 300kkm и он верувај ми знае и како возат и колку трошат и што не им чинело уз пат, поарно од мене. Ако кажам нешто што он не го „одобрил гарант“ измислувам.

Само кога лажеш. Пример дека дизелот ти трошел 8 литри на отворено. Низ Македонија дизел од 1300кг не може да потроши 8 литри, немаме патишта за тоа, неможеш да оствариш толку голем брзински просек. Дизел со 1300кг го возам 140-200 на автопат, 120-130 на регионален пат, најбрз сум на сите угорници (каде што троши најмногу) и просекот никогаш не е над 6 литри. За да потроши 8 литри треба да се движам со константна брзина од 180, а тоа во Македонија не е можно.

ЗокиПет, ако доволно долго си на форумот, ќе сватиш дека ги пласирам најточните податоци на форумот. Само тоа ретко на кој косиличар, му се допаѓа.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4117
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11621 на: 05 Септември 2013, 20:42:34 pm »

Потрошив 10 од Неготино до Скопје. Но што има да кажувам кога ти знаеш дека не може.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11622 на: 05 Септември 2013, 20:45:01 pm »
Потрошив 10 од Неготино до Скопје. Но што има да кажувам кога ти знаеш дека не може.

Хммм, да видиме: твојот дизел ем ти троши, ем спор, ем чади, ем брчи ко трактор...

Дали кога го палиш на ладно дали ти искача бел чад од ауспух?

Мислам, неготино-ск десетка! Еј!
« Последно менување: 05 Септември 2013, 21:01:03 pm filipv »

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11623 на: 05 Септември 2013, 20:50:06 pm »
Бојан,
Како може јас да манипулирам со официјални податоци од фирма. Се читаш ли што зборуваш?

Второ, ти манипулираш со тоа што не кажуваш дека другиот плински уред има плински дизни и паралелно троши и бензин, во сооднос 30-70%. И вториот плински уред е нов на пазарот, и ниту еден форумаш нема муда да го стави во своето возило.
Манипулираш затоа што постираш податоци од само една мкд. компанија која нуди плински уреди од три различни фирми и од тие три само една нуди плински уред за конкретниот мотор. Да постираше понуди и од друга фирма или две колку што ги има во МКД и да заклучевме дека цената е 2000 Е ( а не е секаде како што ти покажав ) немаше да кажам дека манипулираш.
Јас не манипулирав, јас само го демантирав твојот пост и покажав дека има и поевтина и опција па и нека троши бензин. што не верувам дека на некого би му сметало туку напротив е повеќе позитивно.  

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #11624 на: 05 Септември 2013, 20:55:13 pm »
Потрошив 10 од Неготино до Скопје. Но што има да кажувам кога ти знаеш дека не може.

Хммм, да видиме: твојот дизел ем ти троши, ем спор, ем чади, ем брчи ко трактор...

Дали кога го палиш на ладно дали ти искача бел чад од ауспух?

Мислам, неготино-ск десетка! Еј!

Нелогично е секое негово тврдење за дизелот. Нема друг дизелаш на форумот што го дели неговото искуство.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need