Tуку на што е ако не на ватите? На фарадите? Луксите?
На баба ми чифтијаните во една точка од нејзиниот график. А таа точка не е репрезент на моќноста туку репрезент на моќноста се сите катаљарда точки кои го сочинуваат тој график. Уште колку миљарди пати треба да го отекувам истото објаснување за да ги разбијам бариерите на игнорантност?
Моќноста на еден мотор е:
P(M(f), f) = M(f) * f * K, каде P(M(f), f) e функција на моќноста која го произведува моторот и зависи од функцијата M(f) која што пак го означува вртежниот момент на моторот во зависност од фрекфенцијата односно бројот на вртежите во секунда f.
Максималната моќност е прв извод од P(M(f), f).
Просечната моќност во одреден опсег на вртежи е интеграл од P(M(f), f) во граници од долниот број на вртежи до горниот број на вртежи.
Два мотори може да се каже дека имаат слични моќности ако имаат слични просечни моќности.
За математички образован човек само ова може да биде критериум за споредба на моќностите на два мотори. За филозофи, математички необразовани и слично може да биде декларирантата максимална моќност.
И моќноста се конвертира со мењач. На пример возиш на 3000 вртежи во 5-та и убацуваш во 3-та каде обртот се крева на 4500 вртежи. Автомацки имаш повеќе моќност. Не заборавај дека моќноста е производ од вртежниот момент и вртежите.
Но не повеќе од максималната на радилица.
Истово важи и за твојата изјава "Моментот се конвертира со мењач ако се мери на тркала... ", но не повеќе од максималната на радилица. Просто како грав Моќноста е фукнција од вртежите и вртежниот момент е фукнција од вртежите и што и понатаму да напишеш за моќноста ќе важи и за вртежниот момент. Речиси е подеднакво е нерелавантно и глупо моторите да ги споредуваш според максималниот вртежен момент и според максималната моќност, со тоа што споредбата на максималната моќност е поглупа затоа што има параметар на дисторзија повеќе а тоа е множењето со бројот на вртежи.
Предлогот за споредба на максималниот вртежен момент не го дадов случајно туку нарочно за да можам да те мавам со твој камен по твоја глава.
Ватите се истите - од радилица па до тркало (минус загуби), без оглед у која брзина си. (не застанувај со читање!)
How yes no!
http://www.ft86club.com/forums/showthread.php?p=694273Моментот се менува низ драјвтрејнот, но ватите не.
Хахаха, каков бисер.

Види погоре математичко објаснување. Математички е неизводливо да го смениш моментот а да не се смени моќноста. Уствари е возможно ако бројот на вртежи го помножиш/поделиш за онолкава вредност за колку ќе го поделиш/помножиш моментот. Само така моќноста во една точка ќе остане непроменета, а ќе се промени моментот.
Математички:
Нека P e фиксната моќност на која се повикуваш, M1 е моментот на бројот на вртежи f1 при што ќе смениш брзина и ќе добиеш нов момент M2 за новиот број на вртежи f2 согласно редукторот.
P = M1 * f1 * K
P = M2 * f2 * K
M1 * f1 = M2 * f2
M1 / M2 = f2 / f1
Само во овој случај моќноста во една точка ќе остане не променета. Ако не е исполнето равенството M1 / M2 = f2 / f1 тогаш ќе биде различна и моќноста при промената на брзина.
Мислам дека на возач на планетава му е јасно како ден дека кога моторот нема моќност да повлече треба да врати брзина погоре.
Од радилица до тркало ватите НЕ СЕ менуваат, моментот СЕ МЕНУВА.
Ај прочитај каков инзвнонреден бисер си напишал...Па ако не ти е јасно прогуглај што е моќност, што вртежен момент и од што зависи моќноста.
Кога споредуваш, шознам, две графички, која е поентата да споредуваш картици од 20 и 2000 евра?
Не споредувам картички туку само нивните чипови, т.е. моторите CLA45 AMG не е скап заради моторот туку затоа што е луксузна верзија на мерцедес во која се вградува тој мотор.
Сигурно дека таа од 2000 евра е подобра. Нема што да дискутираме тука. Има смисла ако споредуваме, да речеме, ATI и nVidia кои имаат слична цена. Таа е правата споредба. Таа е споредбата за која има смисла да се дискутира. Таа е дилемата во која реално доаѓаш кога купуваш картица - имаш одредена сума пари за трошење и се двоумиш што да купиш. Ако имаш 2000 евра за графичка, сигурно нема ни да ја погледнеш таа од 20 евра.
И повторно, јас не зборував за пари, и не сакам да зборувам за пари. Реплицирав на тролањето и лагите на Селскипатишта во врска со неговите „споредби“:
Не сум споредувал 200кг полесни дизели, туку возила со иста моќност, без разлика дали се турбо или не.
BTW, не знам што к*р се фати за тој мотор, дали дека тешко на душата ти доаѓа да сватиш дека бензинец од 2000 кубици ги партали сите дизели кои постојат на планетава до 3500 кубици и повеќе. Ете земи го моторот од Alfa 1.75TBI или од VW 1.4TSI.
Moќност со педала до под. На 3000 рпм може моторот да продуцира нула вати (при моторно кочење на удолница), но може да продуцира и колку што вика графикот (со педала до под).
Точно така. И? Како треба да се прават споредби на перформанси на возила? со педалата делумно притисната? со отпуштена педала? со изгасени мотори?