Па обично вие дизлеоглавите ги споредувате по декларираната максимална моќност која што пак нема ама никаква врска со ниедна карактеристика на моторотие.
Сигурен си дека „ние“ сме биле тие? Кој пушта торк криви како аргумент? Кој пушта zeperf споредби?
Има миљарда други критериуми кои се пологични за мене, но само еден критериум е недоволен за да споредуваш и да донесуваш заклучоци.
Дури ни ако тој еден критериум е малопродажната цена?
Да речеме ( . . . ) работна зафатнина
Ова може
само кај мотори од ист тип. Доколку едниот е бензин другит дизел, или доколку едниот е турбо другиот нетурбо... тогаш споредувањето според иста кубикажа е бесмислено.
Во секој случај е далеку подобар и порелевантен критериум отколку декларираната максимална моќност.
Кога споредуваме бензин и дизел во НИКОЈ случај не е подобар, ни блиску ни далеку. Инаку, се согласувам дека декларираната максимална моќност е проблематичен критериум (но е светлосни години подобар од кубикажата
кога споредуваме мотори од различен тип)
Ако сакаш на пример споредба на CLA200 (1596cc турбо-бензинец) vs CLA200 CDI (1796cc турбо-дизел), бензинецот е поефтин за 3-4 иљади евра, а воедно е помоќен и покрај тоа што дизелот има 13% поголема работна зафатнина.
Помоќен да, но ако ја гледаме максималната декларирана моќност - токму оној критериум кој ти самиот погоре го отфрли (до некаде со право)
Што мислиш зошто авионите не користат дизел, а користат керозин?
Пишав само неколку поста погоре, не прочита?
Заради неповолниот однос тежина/моќност. Патем, млазните авиони користат нешто многу, многу слично на дизел (jet fuel). Во млазен авион можеш слободно да туриш дизел од бензинска и ќе работи, исто ко што во дизел кола можеш слободно да туриш џет фјуел...
....али тоа нема благе везе со темава. „Добар ден, јас сум нов на овој форум, не се разбирам у коли, и се двоумам дали да земам бензин или дизел“? Пааа, види, земи бензин пошто авионите работат на керозин. Уствари, земи бензин, пошто мотор од формула еден е побрз од тди. Уствари, земи бензин пошто ферари. Уствари, земи бензин пошто Симо модераторот би земал бензин. Уствари, земи бензин пошто при истакубикажа бензинецот има поголема максимална снага. Уствари, земи бензин пошто тракторите работат на дизел...
Глупости луѓееее глупости