Не сум споредувал 200кг полесни дизели, туку возила со иста моќност, без разлика дали се турбо или не.
Доста лажеш, не ти личи на годините!
Максимална моќност е едно, а моќност е друго. Максимална моќност е единечна вредност, а моќност е функција од вртежите и вртежниот момент. Математички не можеш да ги споредиш. Ова до сега сум ти го пишал бар 1000 пати, ама не знам дали немаш капацитет да го сватиш или го игнорираш за да можеш да тролаш на темава.
Сите твои споредби се на турбо-дизели со атмосферски бензинци, каде турбо-дизелите теоретски имаат исти
максимални моќности со атмосферските бензинци, но во просек имаат далеку поголема моќност.
Ако сакаш да споредуваш баш исти моќности тогаш земи измери ги на динамометар и интегрирај по добиените криви во опсегот на вртежи во кои се возат и тоа за секојоа брзина поединечно бидејќи и преносот е клучен фактор за забрзувањата и пеформансите. Ако добиените интеграли се исти тогаш и моќностите им се исти.
Според законите на физиката ако два мотори имаат еднакви моќности тогаш ако се вградени во еден ист автомобили ќе имаат и еднакви забрзувања и перформанси. Но бидејќи во сите твои споредби тоа не е така значи дека моќностите не им се исти туку им се различни.