Znaci zboram deka ako ubavo go zgnes ke si curne i makedonskiot i evropskiot dizel.
Е, ова најискрено не знам, но можно е дека си во право. Баш би проверил и со загледување у нови коли што чадат, но како да знам дали и се извадени катализатор+дпф или не? Кај нас некои луѓе тоа го прават, изгледа толерира полиција (а не би смеело! ако ти чади колата треба да идеш у сервис, а не у веро!).
Олеснителна околност е што дизелите најголемиот дел од работата ја завршуваат многу ниско во вртежите, при што горивото (кај современите и исправни системи за вбризгување!) многу фино ссогорува и нема чад. Со други зборови, дизелите кои чадат чадат ретко. Но и понатаму е грозна карактеристика на дизел моторите која, еве, дури во последниве 10-15 години и најдоа какво-такво чаре. Озбилно, нов дизел купен сеа од продавница чади помалце отколку најчистиот бензинец од пред 20-тина години.... а можеби и не

но ете да се изразам хиперболично.
Инаку, само уште еднаш би спомнал дека во западна европа не сум видел да чади, ни дизел ни бензинец. Не, не викам дека такво нешто не постои во во зап еврпа*, само викам дека јас лично не сум видел, што инаку не значи ништо, чисто како куриозитет.
---
* иако ништо чудно и
навистина да нема коли што чадат: каде ќе се возат тие коли? таму властите (но и обичните граѓани!!!) се ригорозни при непочитување на еко-меко-шмеко прописите, кои што само ги зголемуваат, надополнуваат и комплицираат речиси секоја година!