Проблемот е стално во возачот ако не ги најде бројките на хартија дур вози. Нема зашто да гледаме мењачи подовозја, позиција на возачот во возилото, баланс на тежина, коњите не ни играат улога оти моќкноста на моторот е имагинарна категорија за разлика од обртниот момент кој е конвертибилна валута.
Тоа што оној 1.5 dci дур не му потегне турбината не е ни свесен дали работи или не, не е битно. Важно торкот одвалуе! Е сеа тешко се стига до него и кратко трае па ако делкаш угорници со остри кривини барј го низ брзините каде го снема, па да не арчиш врме почни од прва оти треба да стигнеш еднаш таму каде си тргнал.