Има толку многу разлики помеѓу еден и друг бензински и еден и друг дизел мотор што било каква генерализација на бензин и дизел е глупа и безпредметна. Понатаму, ваквата глупа генерализација се злоупотребува од фановите на едниот односно другиот тип на мотори, при што се зема еден инфериорен мотор од едната и друг супериорен мотор од другата страна, се споредуваат и се „извлекуваат“ „заклучоци“ кои понатаму се земаат како закон во сите останати споредби...Ова е најкарактеристично за дизелашите кои сите споредби ги прават помеѓу најсовремен турбо дизел и неколку генерации застарен атмосферски бенизнец. СелскиПатишта има докторирано на оваа проблематика која се коси со заокните на физиката. Ама не е сам, има јака потдршка од дизелаш-фановите.