@filipv - пробелмот во твојата споредба е што повтроно ја завртуваш дискусијата во „количество енергија во волумен гориво“ (неоспорно, апсолутно точно).
Мене, како глуп морон кој не разбира ништо, не ми е битно кога ќе тргнам со колата колкава е волуметриската ефикасност на моторот, ниту термодинамичкиот коефициент на искористување на енергијата, ниту бројот на вртежи.
Битно ми е како ќе вози тоа возило. За да можам да направам споредба на нешто што тотално не го разбирам седнувам и возам возила кои би биле споредливи по големина и цена на купување, опциите што ги нуди со опремата и проценувам колку би е чинело нивното возњеа одреден временски период додек сметам дека му е век на експлоатација или век на ќеиф (глупаците фрлаат пари за ирелевантни вредности).
Од возењето на вакви неспоредливи технолгии ќе заклучам:
1. Возењето на двата примерока во иста кола ќе ми даде исто или подобро чувство во онаа што ќе оставари поглоем обртен момент порано(ќе потегне одма), и ќе ми овозможи да користам повеќе снага во истиот опсег доколку нивото на обртен момент е ист кај двете. Исто ќе биде подобро ако тој обртен момент се држи на максимум постојано или подолго во обртниот опсег (тегенењето ќе трае) и ако во тој опсег снагата ја добивам побрзо (ќе тегне побрзо). Бонус, ако во целата таа споредба имам помала тежина на возилото, не губам функционалност, и имам дополнително количество на моќност што ќе го користам кога ќе ми ќефне а условите на возење ќе ми го дозволат тоа.
2. Ќе приметам дека едното возило морам почесто да го полнам со гориво, од што просто моронски ќе заклучам дека едното возило овозможува да се заврши истата работа со помалце „спакуван енергенс“. Бидејќи ќе плаќам за енергенсот, ќе научам дека тој енергенс кој нуди повеќе/подолготрајно користење за исти услови на возење и при тоа чини помалку.
Бидејќи јас сум премногу глуп, не се обидувам да сватам академски што се случува туку едноставно гледам две исти возила со две различни технологии на агрегат. Мојата простодушна кратаковидна маленкост ќе ја одбера првата варијанта доколку сака акцент да стави на карактеристиките на возење или втората варијанта доколку му е потребно ефикасно возење(рационално возење).
Она што не можам јас да си разјаснам во сите овие дискусии е како да споредувам за да го најдам твоето гледиште на работите. Ама не мора да се обидуваш да пишуваш мегбајти, ниту јас имам намера да ги листам сите 600 страни да ги пребарувам добро образложените аргументи. Веројатно ако не можам од еден пост да сватам изгледа си во право, глуп сум.