Се научивте едно две бризгалки,бошот,турбото како тоа нон стоп да се расипува.Досега од 4 камиони и 5 коли дизел,само на една кола направив минимална интервенција на бошот и тоа на над 250Ккм.
Ниту турбо ми откажало ниту дизни/инјектори ниту ништо.
А од друга страна една бензин кола си замина и на другата 2 мотори сменети. 
На два Pasat-и 2.0 TDI (легендата на трајност) едниот на мој „роднина“ 2007 и еден од моја пријателка 2009 им отиде целата заштеда на pumpde dize и на сегашните подобрени CR бризглаки.
Првиов си го замени (со солидна доплата) сега во Prsche со беден Golf7 1.2 85ks, ни на сон не би посмилил дека некој доа таму ќе ја дотера. Ама едноставно човекот рече „доста ми е од дизелов“. Јас сеуште мислам дека не треба да се менува таква кола за ова и дека попаметно еда се проба да се оправи. Ама некому на секое излегување и одење на одмор да му засветуе некој engine control shit веројатно ќе му се смачи. Вотриот остана на „поправка“ модел, но со 70 kkm на бројчаник две бризгалки веќе ги земаа сите пари од заштедата. Првиот Pasat е чуван повеќе од неговите внуци што ги пази со сите доасаѓања по сервиси (гарант сервисерине кога ќе го видат се кријат) па сепак колата си го наплати горивото. Воторово го вози жена без голема грижа за кола, но од друга страна и без силувања и напрегања. Повеќе би очекувал спони рамња да попуштат отколку бризгалка. Ама ете...
Поентата е дека тоа што моторите се расипуваат веројатно нема да престане. Прашањето е што се расипува, колку често и колку чини да се поправи и да се одржува ..
Значи онолку примери колку што ти имаш за бензинците сигурно ќе се најдат за дизелите.