Ааааа да сте ми живи и здрави, па ако не зборуваме за трки, по што дизелот е послаб од бензинецот (ќе ги молам сите што возеле само канта дизел од пред 20 години и отепан атмосферски бензинец од дедо им да не се мешаат со своите ценети искуства) може да ми каже некој?
За обичен смртник, за носење деца у школо, за на пазар по чушки и патлиџани, за до работа и чат пат на одмор или патување, во што е подобар современиот турбо бензинец од турбодизелот?
Технологијата е толку отидена напред што скоро и да нема видни и драстични разлики ниту во преформанси ниту во било што друго?
Во некои сегменти бензинецот е подобар, во некои дизелот, но сето тоа заедно горе долу се компензира и на крај пак се доаѓа до едно те исто, то ест чисто прашање на вкус делимично зачинето со секојдневните потреби!
Простат логика вели, повеќе километри со по постојана употреба - дизел, помалку со пократки и почести релации - бензин!
Трките, торковите, нирнубргринг, формула еден, спејс шатл или не знам што, оставете ги за некоја друга дискусија на некој форум каде членуваат напалени тркачи со минимум 10 годишно искуство зад себе со и по 3 мрсни звера у гаража!
За нас проста и обична раја, овој муабет едноставно не држи вода!
Пријатно и со здравје!