Кој нејќе бензинец турбаш за курчење и праење ќеиф, има таков овде? Ја свршувам кога го возам Цц/то со 300 коња! Просто неможеш да одолееш да не стиснеш на педалот за гас, те мами и те влече, прима како лудо, лета! Ама и бензинот лета тогаш! Низ ауспух излегуваат не стотки ами петстотки!
Она што треба да го разграничиме при овакви дискусии е следново : Дискутираме за возила за секојдневна употреба или за тркање и преформаси на стаза, забрзувања и тн и тн?
Исправете ме пак ако грешам но 90% од членовите тука возилата си ги возат за секојдневна употреба!
Е кога праиме муабет за секој ден тамте-вамте возење и акање, од кое повеќето е градска вожња, не може а да не ја ставиме потрошувачката како фактор кој е и те како важен, поготово поради суровиот факт дека живееме во земја со просечна месечна плата како во тунгузија, со која можеш да купиш едвај 150 до 200 литри бензин.
Во вакви услови, денес дизелот нуди перформанси кои се сосема задоволителни за кратки излети издувувања, многу слични или исти со бензинците рамни на нив, за кои што ние и немаме дури ни патишта, а при тоа во секојдневна употреба за тамте-вамте, троши и те како помалку и после извесно време разликата во цена при купувањето, сама од себе си се плаќа а после тоа дури почнуваш и да заштедуваш по некој динар.
Кај нас е тоа посебно изразено поради поефтината цена на дизел горивата која е над 10 денари по литар, плус помалата потрошувачка, и ете ти добра причина да земеш дизел.
Кога не би правеле компромиси и би имале можности за дополнително милениче во гаража, 90% од нас би се одлучиле за некој мрсен турбо бензинец со 300 плус коњчиња и В мотор.
Но реланоста е сурова и многу поразлична од она што ние го сакаме, за жал во МК грото од возилата кој се купуваат и тераат по улиците па и овде на форум, атмосферски косилици со едвам 90 коњи, кои не можат да се справат со се тешките каросерии па си вртата на високи рпм и при тоа си арчат бензинче позамашно а за да заштедат се тура плин.
Ете ви жив пример, земавме Корса, 1.2 мотор со 80 коњи, за женава за по град. Среќа дека многу малку ја вози, инаку со просечна потрошувачка од околу 8 литри во град, да возиш косилица што оди на буткање не знам колку е исплатливо и убаво? Да не правиме муабет дека со такво возило уживање во возење, мало морген.
100 киломтери во град со АСХ/от дизел не коштаат околу 480 денари, 100 километри со Корсата околу 680 денари. Корсата можеш да ја ставиш цела во АСХ/от и така да ја возиш, и пак нема да потроши толку гориво! Да не зборувам за бензинец со слични перформанси како дизелот!
Компримисот е мајка на сите заебанции !