Бензинците за да може да се такмичат со дизељ, треба да се промени модот на работа и компресијата нивна. Значи да работат на повисока компресија.
Порано не можеше да се конролира палењето на бензинот под висока компресија. Но со директно вбризгување тоа може да се избегне и да се добие принцип на работа ист како кај дизел. Тоа би овозможило зголемена искористеност на горивото, подолг од на клипот за поголема компресија, како и зголемен вртежен момент при пониски вртежи. Секако бензинот има поголема брзина ан согорување и пак ќе може да ги одржи 7000 вртежи во минута кои се толку многу посакувани од возачите на бензин.
Со други зборови ќе се добие дизел мотор - приспособен за работа на бензин.
Негативностите се тоа што цента на моторот ќе биде еднаква со она на дизел мотор заради компонентите, а може и нешто поскапа. но незначително.
Маркетиншките предности ќе го имаат приматот кај овие мотори. А на тоа се базира денешниот свет. Значи производителите ќе може да извадат бројки за потрошувачка при редовни циклуси слични на дизел агрегатите. Ќе имаат масивни бројки на коњски сили во релативно мало пакување. Но, тоа (коњските сили) се основа за качување на цената на еден мотор пред очите на купвачите. Тоа е лошо. Затоа што тие нема да ги продаваат реално тие мотори. Значи 1.4 дизел/бензин со 140кс ќе го вградат во Мондео. А не во Фиеста. Или ќе го вградат во Мазда 6 а не Мазда 2.
Мерцедес веќе многу долго време експериментира на оваа тема, но разни препреки се појавуваат.
Од друга страна доста едноставен режим за бензинците е таканаречениот „пет“ тактен мотор. Тоа не се пет такта, туку 4те стандардни но има еден меѓутакт на крајот како кај Тојот Приус. Тоа овозможува заштеда на гориво од околу 10% без да се нарушат перформансите на моторот. Не е воопшто скапа и изработката.