Смичка јас возам бензин дека сакам да возам бензин. Така да не го бранам дека го возам, туку го возам дека сум го избрал заради тоа што повеќе ми одговара.
И кога зборам за споредба бензин и дизел, не тргнувам од своите коли. Тргнувам само од своите желби и потреби, кои делумно сум имал среќа да ги остварам со колите кои ги поседувам моментално. А би ги остварил во целост само со уште помоќни/побрзи бензинци. Затоа што звукот, перформансите (кога ја бркам колата, не во град кога одам до кафе или на гости во 5 поручек да убрзам од 26 до 52 на саат) и обртаите ми се работи кои ми значат во кола која ја возам со мерак.
Ако тргнам од своите коли треба да кажам дека Мини е подобро ауто од постара Импреза СТИ, дека нели јас имам Мини. А јас имам Мини само затоа што Импрезата е постаро годиште, повеќе троши гориво, поскапа е за одржавање. Но тоа не значи дека е полоша кола и дека треба да гласам за Мини пред СТИ. Туку дека моите моментални можности не ми дозволуваат да возам и одржувам СТИ, односно не сум спремен на толкав трошок. Иако да речеме исто коштаат да ги купам половни.
Дали Акордот или не знам Клио некое обично, или БМВ 5ка некоја нова (за некого тоа е исто као за мене што е Акордот) е турбо дизел или турбо бензин, не ми мења. Баш сеедно, зависи од повеќе фактори што би одбрал.
Али да ми кажете дека 330Д е подобар избор од Купер С или од Интегра, како кола за викенд забава, е трагикомично
