Не е ремет во прашање, ниту за инат. Гојдо на пример лани прв пат се заинтересира за коли, еден од поактивните е. Купуваше кола, се зачлени за совети и остана и тоа активен. Такви има повеќе, некои со многу помали познавања од Гојдо, затоа што ги мрзело да читнат како него и да се заинтересираат малце повеќе.
Еден куп од членовите се електраши, имформатичари и нешто поврзано со компјутери. На скоро сите наши форуми има огромен број на таков профил на членови. Пред се затоа што кај нас сеуште најактивни на интернетов се помлади и од овие погореспоменативе, затоа што постари генерации, механичари, мајстори и слични не ги баратаат премногу форумиве па не се ни замараат со зачленување, туку повеќе си чепкаат во гаража или прават муабети на веро.
До пред 2 години не ни имавме асален форум за коли, во тоа време само во околинава за секоја марка имаше бар по еден форум
ЕДИТ: Нема врска дизел, бензин, плин, турбо...
Дени на пример сака дизели и VW, па не мислам дека не е љубител
Тоа е чисто прашање на вкус, нема врска со мојов муабет.
Иначе убаво кажа некој погоре, ако возам точак дека за толку имам не значи дека сум помал мераклија од некоја плавуша со Ферари. Тоа се само можности, немаат врска со соништата