Има, виделе не може од подземен паркинг 911 RS2 да излезе у втора, па решиле „мора дизел..“
ок, признавам дека малку си го натртив гзот со примерот со паркингот...
...но со тоа само сакав да илустрирам што сакам да кажам кога велам „момент при екстремно ниски вртежи“. Сигурно дека не искачам стално така од паркинг, напротив. Но, тоа исто својство на моторот наоѓа примена во цела низа чести, секојдневни возачки ситуации и човек просто се навикнува и може да му фали. Мене сите вообичаени не-турбо бензинци
ми делуваат слабо. И шо да праам сега? Навикнат сум на влечење во сите ситуации, без многу гимнастики со-лева-нога-десна-нога-барај-го моментот-каде-е-не-оваа-брзина-онаа-брзина-стисни-гас-полека квачило-сеа-дај-го-сеа-одземи..... сето тоа кај дизелот во просек се прави помалку, токму ради тој голем момент кој владее во еден јасно дефиниран „блок“ од ниски вртежи.
од ниски вртежи нема бегање! за да стигнеш во високи вртежи треба прво ниските да ги пројдеш. ниските вртежи се поважни од високите! (<-да, јас така мислам и не, тоа не е мојата холографска проекција)
Кога ја позајмувам астрата на брат ми (б1.4) често пати од невнимание ми гаси дур не се навикнам и врска ми нема. На пат ја држам цело време над 3000 вртежи пошто иначе не влече. А ако ја држам цело време над 3000 потрошњата иде у небо - а пак не влече така добро. Се осеќам ко цело време да го мачам кутрото бензинче. На секое угорниче - трета. Па пак четврта. Нема релакс. Едини бензинец релакс кој сум го возел бил v8 5.0 атм.
во идеален свет ќе имам втора кола мазда mx5 пошто и ја сакам турирање и шибање. Ама не секогаш и секаде. А кога НЕ турирам и НЕ шибам - дизелот е закон и устав!
Да, како што читам, така можело и со тб. Ама зошто? Зошто да го намалам дометот? Што добивам за возврат?