Пред некој ден возев Вектра Ц со 2,0 ДТИ мотор, 101 кс. Маршер мислам дека ја знае, без дисплеј во средината.
Или колата нешто не беше како треба, или јас се одвикнав од дизел, мислев дека ќе е побрза од мојата, а она баба, не мрда, трома, слабо прима, спори меѓуубрзања, незнам чудно, мојата е далеку далеку пожива за возење. Ама звукот на дизелот е феноменален за мене, кога ја возев имав чуство дека можам да тргнам на пат околу светот со таа кола без око да ми трепне.
Ден после тоа возев Мондео караван дизел со 130 кс, исто очекував појаки и поспремни турбо коњи, не дека беа лоши, ама на почеток моите се доста поексплозивни.