Да. Доколку дизелашот нема турбо, споредбата со атмосферски бензинец нема да биде фер поради ограничувањето во вртежите кое го има кај дизелот, а го нема кај бензинците. Со турбото кај дизелите компензираме за оваа неправда.
Или тоа, или да ги ограничиме бензинците на 4500 рпм па така да ги споредуваме.
LOL
Максималниот број на вртежи е неправда, а турбина не е неправда, NM не се неправда?
Турбо бензинец со што би споредувал? Со турбо дизел со дупло повеќе КС и NM?
Ти не споредуваш дизел и бензин, туку турбо и NA. Или грешам?
Кажи ми во што е разликата во перформанси помеѓу турбо бензинец и атмосферски бензинец? Во што е разликата помеѓу турбо дизел и атмосферски бензинец/дизел?
Иста е разликата во двата случаи. Еве тебе да те цитирам:
максимално исто ќе идат, но просечно дизелот поише ќе иде
Наместо „дизелот“ треба да стои „турбашот“. Или не е така?
Значи остануваме само на разликата во потрошувачка, која е предност на дизелот и е неспорна.