Откриј го со еден downshift со меѓугас 
Додека ја го откривам моментот со дауншифтување - отиде прозорот за претицање на шлеперот. Тоа не е одма и сега.
За одма и сега - само дрш се на 3000rpm (што е нормално за бензинци) и го имаш исто толку одма и исто толку сега 
Да, ама тогаш летаат стоденарки низ ауспух. Иначе и мојот стар Калос опасно влечеше на 5000 рпм, никој не го спори тоа. Ама економски неисплатливо. Никој не вози така во нормални услови.
Еднаш ја позајмив астрата на татко ми 1.4 бенз. Во споредба со SDI-то ми изгледаше слабо како прдеж. Видов невидов држев обртаји меѓу 3000 и 4000. Резервоарот отиде со невидена брзина.
Како и да е, јас сакам обртниот момент да ми расте - како и повеќето работи во животот
Јас пак сакам
моќноста да расте со вртежите, а моментот да биде што е можно по константен. Ако расте
моментот, тогаш коњажата не расте линеарно туку логаритамски (пошто коњажа е момент ПО, а не плус вртежи) креирајќи потполно неупотребливи „шпицови“ во графикот. Кратки, неекономични изблици на торк кој - освен во тркање - нема никаква употребна вредност.
А што праиме со вибрациите во лергас? И тие ли се прекрасно својство 
Е, тука нема што - дрнда ко трактор :-)
Али новиве комон-рејлчиња...