Гласање

Choose your destiny!

Бензин
239 (58.3%)
Дизел
171 (41.7%)

Вкупно гласови: 410

Автор Тема: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња  (Прочитано 1886404 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19605 на: 01 Март 2018, 11:10:16 am »
http://autorepublika.com/2018/02/28/porsche-se-ipak-ne-odrice-dizel-motora/

Глупаци. Ќе разберев Фолксваген да пружаат отпор, Мерцедес, или било кој друг традиционален произведувач на дизел, ама од Порше!!!!!????? Не очекував ваков феил. Порше треба да е Порше бе а не смрдливо дизел гомно.

Порше е во сопственост на VW.

Моментално има одлични резултати во продажба, добар имиџ на пазарот и огромна доверба кај клиентите.

VW се гребат врз основа на тоа, за да бустнат барем малку маркетинг кај дизел возилата.

Во Германија ситуацијата им е многу лоша и бројките не го отсликуваат тоа што VW го очекува во продажбата на дизел возилата.

Хајпот е огромен кај плагин хибридите со бензински мотори. Панамерата растур прави.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19606 на: 01 Март 2018, 11:15:05 am »
Cayenne, Q7, Tuareg би требало да имаат исто дизел ѓубре под хауба....

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19607 на: 02 Март 2018, 00:24:50 am »
Еве уште два интересни прегледи:

Емисија на NOx, односно колку загадуваат дизелите мерено во реални услови на експлоатација, и колку загадуваат бензинците.
А, да и колку лажат и едните и другите.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Процент на возила според еуро стандарди за екологија:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мајку му... Според ова еуро 5 повеќе да загадува од еуро4 ?
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Bumb

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1196
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19608 на: 02 Март 2018, 08:47:00 am »

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19609 на: 02 Март 2018, 09:26:29 am »
Еве уште два интересни прегледи:

Емисија на NOx, односно колку загадуваат дизелите мерено во реални услови на експлоатација, и колку загадуваат бензинците.
А, да и колку лажат и едните и другите.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)


Процент на возила според еуро стандарди за екологија:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мајку му... Според ова еуро 5 повеќе да загадува од еуро4 ?

Ова јасно кажува дека најголемата гомнарија дизел возилата ја прават при воведувањето на Еуро 5 стандардот. Сите лажеле дека задоволуваат Еуро 5, затоа што загадувале во реалноста речиси исто како Еуро 3 и Еуро 4. Во споредба со Еуро 5, последниот еко стандард Еуро 6 во реалност загадува речиси 50% помалку од Еуро 5. Но тоа е пак 633% повеќе од дозволеното за Еуро 6.

Ако направиме сооднос во проценти на тоа колку е дозволено според Еуро нормата да загадува возилото, а колку загадува во реалност ќе го добиеме следното:

Стандард      Дозволено загадување       Реално загадување        Лажење во %
Еуро 3          0.5g/km                             1.11g/km                       120%
Еуро 4          0.25g/km                           0.98g/km                       292%
Еуро 5          0.18g/km                           1.04g/km                       477.7%
Еуро 6          0.08g/km                           0,44g/km                       450%

Повеќе од очигледно е дека, смртта на дизелот ќе биде брза и болна. Дизел возилата имаат хроничен проблем во последните 17 години за да задоволат било какви еко стандарди. И покрај воведувањето на системи за спречување на емисијата на NOx честички (DPF, Urea, AdBlue...) тие не успеваат да задоволат ниту една еко Еуро норма. Аферата на VW со лажирањето на тестовите за издувни гасови во САД беше иницијалната каписла за целиот проблем да биде јавно достапен, и кулата од карти да почне да се руши.
Пресудно за смртта на дизелите е одлуката со која поголемите градови во Германија ќе можат самостојно да одлучат и да забранат употреба на дизел возила по нивните улици. Особено оние што нема да задоволат еко норми при контрола на издувни гасови. Според графиците горе, ниту едно возило нема да ги задоволи нормите, но бидејќи целосната забрана ќе биде брутална за човештвото, први ќе настрадаат сите возила што се под Еуро 5 норма, а за неколку години и возилата што задоволуваат Еуро 5.
Тоа ќе повлече огромен притисок од партијата на Зелените во Германија која има огромно влијание при креирањето на Еко политикатан во Гераманија (и индиректно во ЕУ), за дополнително забрзување на процесот и зголемување на трендот на отфрлање на дизел возилата.

Штом Германија, која е мајка на дизел моторот почнува да се откажува од своето чедо, тогаш јасен е исходот.

Дизелот ќе остане како примарно погонско гориво во транспортот со зголеменни еко мерки и системи за прочистување, затоа што моментално нема алтернатива. И можеби кај повисоките класи на возила со високо литражни мотори кои ќе треба да задоволат уште построги еко стандарди за да не отстапуваат од Еуро 6 и подоцна Еуро 7.

Ако внимателно ги анализираме иновациите кај Моторите со Внатрешно согорување во последните 5 години, сите новитети се поврзани со турбо бензински мотори, додека кај дизел моторите иновации речиси и да нема. Што е нормално, затоа што никој не сака да троши пари за развој и промоција на технологија која ќе мора да ја напуштат. Се развиваат само системи за катализација и прочистување на издувни гасови кај дизелите, затоа што дизел агрегатите кај премиум сегментот и полуксузните возила се доминантен во продажбата.  Исклучок за тоа е новата Порше Панамера која е плагин хибрид со турбо бензински мотор која се продава како алва на Запад. Можеби тука ќе биде пресвртот и кај премиум сегментот, но за тоа е премногу рано да се донесе некаков заклучок или издржана претпоставка.

Напуштањето на дизел технологијата кај пониските сегменти на возила значи префрлање на преостанатата залиха на дизел возила кон источните земји, агресивна маркетинг кампања за продажба на истите, со цел да се обезбеди минимална загуба при напуштањето на дизел концептот на запад. Прописите во источните земји речиси и да не се почитуваат, никој не води сметка за здравјето на населението, и авто индустријата ќе го искористи тоа за да капитализира добивка. За сметка на тоа, западот ќе се ориентира кон плагин хибриди, турбо бензинци, фул електрик возила, затоа што еко прописите им се брутални.

Во патниот сообраќај во Германија, Шведска, Данска, Норвешка огромна популарност имаат плагин хибриди. VW прави партали во скандинавките земји со GTE изведбите на Голф и Пасат. Ако внимателно ги сумираме бројките на нови продадени возила во развиените запандо-европски земји, сами ќе можеме да дојдеме до заклучок дека нови дизел возила се продаваат се помалку. (подоцна ќе ставам податоци за ова, од релеванти институции за статистика, ги немам во електронска форма билтените, ќе треба да прочепкам да ги најдам за да направам скриншот, или да ги сликам печатените изданија како крајна мерка)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19610 на: 02 Март 2018, 09:45:06 am »
Изгледа мојот Опел од 95 та загадува помалку од ганц нов ТДИ купен со панаѓурски попуст во Порше МКД.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19611 на: 02 Март 2018, 09:51:47 am »
Или цдти од Аутомакедонија.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19612 на: 02 Март 2018, 09:53:47 am »
Moжеме да тестираме кој мотор е по еколошки...со мајмуни.
Oh, wait...


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19613 на: 02 Март 2018, 09:55:48 am »
Е продолжи де, се запна некаде?

ЦДТИ не се продава или не пробаа да го продаваат во Америка па затоа не се правеа мајмуни со тестирање на мајмуни :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19614 на: 02 Март 2018, 10:01:54 am »
Да продолжеа со оригиналниот план наместо мајмуни да користат човек на точак, гарант ти ќе се пријавеше доброволец. ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19615 на: 02 Март 2018, 10:12:42 am »
Да продолжеа со оригиналниот план наместо мајмуни да користат човек на точак, гарант ти ќе се пријавеше доброволец. ;D
Ако го изгледа документарецот јасно ти е дека проблемот беше лажењето, а не загадувањето. Инаку секако дека може да се исполнат нормите, само ќе се крене потрошњата за 4%. Нешто што сега се прави со софтвер. Односно со истиот софтвер кој им служел за тестирање. Глупавоста се состои што го прикривале лажењето со лажење.

Инаку нормално дека ниедна кола не покажува исти параметри на тестирање и нормална вожња. Најпрост показател ти е декларираната потрошувачка и реалната. Тој параметар директно ти кажува колкава е и емисијата на CO2 од таа кола. Затоа што горивото при горење оди во H2O и CO2, колку гориво толку CO2.

5.2л/100км декларирана = 200 CO2
10.4л/100км декларирана = 400 CO2
« Последно менување: 02 Март 2018, 10:18:39 am Deni »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19616 на: 02 Март 2018, 10:20:35 am »
Инаку секако дека може да се исполнат нормите, само ќе се крене потрошњата за 4%. Нешто што сега се прави со софтвер. Односно со истиот софтвер кој им служел за тестирање. Глупавоста се состои што го прикривале лажењето со лажење.


Јас како што знам, последиците се врз потрошувачка и перформанси.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19617 на: 02 Март 2018, 10:21:45 am »
Да продолжеа со оригиналниот план наместо мајмуни да користат човек на точак, гарант ти ќе се пријавеше доброволец. ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19618 на: 02 Март 2018, 10:24:19 am »
Инаку секако дека може да се исполнат нормите, само ќе се крене потрошњата за 4%. Нешто што сега се прави со софтвер. Односно со истиот софтвер кој им служел за тестирање. Глупавоста се состои што го прикривале лажењето со лажење.


Јас како што знам, последиците се врз потрошувачка и перформанси.
Поентата е што тие „последици“ се претерано мал процент за воопшто да се спомнат. Поготово во делот за перформанси, само треба да се збогати смесата за извесен процент, и потрошувачката да се качи за 4%.

Тука лежи и глупавоста, што нема ПОТРЕБА од лажење. Бројките се супер и без лажење, ретардирано е да лажеш и глупираш за 4% намалена потрошња.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Diesel-ашишта vs Benzin-чиња
« Одговори #19619 на: 02 Март 2018, 10:26:46 am »

Тука лежи и глупавоста, што нема ПОТРЕБА од лажење.

Кој лаже, тој ќе си лежи.
Мада мислам дека Винтекорн требаше да дели ќелија со О.Шмит.