Еве уште два интересни прегледи:
Емисија на NOx, односно колку загадуваат дизелите мерено во реални услови на експлоатација, и колку загадуваат бензинците.
А, да и колку лажат и едните и другите.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Процент на возила според еуро стандарди за екологија:
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Мајку му... Според ова еуро 5 повеќе да загадува од еуро4 ?
Ова јасно кажува дека најголемата гомнарија дизел возилата ја прават при воведувањето на Еуро 5 стандардот. Сите лажеле дека задоволуваат Еуро 5, затоа што загадувале во реалноста речиси исто како Еуро 3 и Еуро 4. Во споредба со Еуро 5, последниот еко стандард Еуро 6 во реалност загадува речиси 50% помалку од Еуро 5. Но тоа е пак 633% повеќе од дозволеното за Еуро 6.
Ако направиме сооднос во проценти на тоа колку е дозволено според Еуро нормата да загадува возилото, а колку загадува во реалност ќе го добиеме следното:
Стандард Дозволено загадување Реално загадување Лажење во %
Еуро 3 0.5g/km 1.11g/km 120%
Еуро 4 0.25g/km 0.98g/km 292%
Еуро 5 0.18g/km 1.04g/km 477.7%
Еуро 6 0.08g/km 0,44g/km 450%
Повеќе од очигледно е дека, смртта на дизелот ќе биде брза и болна. Дизел возилата имаат хроничен проблем во последните 17 години за да задоволат било какви еко стандарди. И покрај воведувањето на системи за спречување на емисијата на NOx честички (DPF, Urea, AdBlue...) тие не успеваат да задоволат ниту една еко Еуро норма. Аферата на VW со лажирањето на тестовите за издувни гасови во САД беше иницијалната каписла за целиот проблем да биде јавно достапен, и кулата од карти да почне да се руши.
Пресудно за смртта на дизелите е одлуката со која поголемите градови во Германија ќе можат самостојно да одлучат и да забранат употреба на дизел возила по нивните улици. Особено оние што нема да задоволат еко норми при контрола на издувни гасови. Според графиците горе, ниту едно возило нема да ги задоволи нормите, но бидејќи целосната забрана ќе биде брутална за човештвото, први ќе настрадаат сите возила што се под Еуро 5 норма, а за неколку години и возилата што задоволуваат Еуро 5.
Тоа ќе повлече огромен притисок од партијата на Зелените во Германија која има огромно влијание при креирањето на Еко политикатан во Гераманија (и индиректно во ЕУ), за дополнително забрзување на процесот и зголемување на трендот на отфрлање на дизел возилата.
Штом Германија, која е мајка на дизел моторот почнува да се откажува од своето чедо, тогаш јасен е исходот.
Дизелот ќе остане како примарно погонско гориво во транспортот со зголеменни еко мерки и системи за прочистување, затоа што моментално нема алтернатива. И можеби кај повисоките класи на возила со високо литражни мотори кои ќе треба да задоволат уште построги еко стандарди за да не отстапуваат од Еуро 6 и подоцна Еуро 7.
Ако внимателно ги анализираме иновациите кај Моторите со Внатрешно согорување во последните 5 години, сите новитети се поврзани со турбо бензински мотори, додека кај дизел моторите иновации речиси и да нема. Што е нормално, затоа што никој не сака да троши пари за развој и промоција на технологија која ќе мора да ја напуштат. Се развиваат само системи за катализација и прочистување на издувни гасови кај дизелите, затоа што дизел агрегатите кај премиум сегментот и полуксузните возила се доминантен во продажбата. Исклучок за тоа е новата Порше Панамера која е плагин хибрид со турбо бензински мотор која се продава како алва на Запад. Можеби тука ќе биде пресвртот и кај премиум сегментот, но за тоа е премногу рано да се донесе некаков заклучок или издржана претпоставка.
Напуштањето на дизел технологијата кај пониските сегменти на возила значи префрлање на преостанатата залиха на дизел возила кон источните земји, агресивна маркетинг кампања за продажба на истите, со цел да се обезбеди минимална загуба при напуштањето на дизел концептот на запад. Прописите во источните земји речиси и да не се почитуваат, никој не води сметка за здравјето на населението, и авто индустријата ќе го искористи тоа за да капитализира добивка. За сметка на тоа, западот ќе се ориентира кон плагин хибриди, турбо бензинци, фул електрик возила, затоа што еко прописите им се брутални.
Во патниот сообраќај во Германија, Шведска, Данска, Норвешка огромна популарност имаат плагин хибриди. VW прави партали во скандинавките земји со GTE изведбите на Голф и Пасат. Ако внимателно ги сумираме бројките на нови продадени возила во развиените запандо-европски земји, сами ќе можеме да дојдеме до заклучок дека нови дизел возила се продаваат се помалку. (подоцна ќе ставам податоци за ова, од релеванти институции за статистика, ги немам во електронска форма билтените, ќе треба да прочепкам да ги најдам за да направам скриншот, или да ги сликам печатените изданија како крајна мерка)