значи и класниот е во групата на фанови на бензин 
на крај краева, џабе муабет, видете таму гласањето и готово

Купив дизел од две причини, кои јавно и отворено сум ги кажал:
1. Многу, ама многу го сакам Effortless моментот на моторот во мојата кола (и се што тоа значи, некој ќе разбере, некој не).
2. Не сум доволно богат да возам бензинец каков што сакам.
мене овој пост ми фати око, значи ако се тргне финансиската рамка од муабетов, класен ти би бензинец така разбрав?
Јас радо би возел Golf 3.0 BiTDI со 315 турбо-дизелски коњи. Или некој добар, замашен турбо-бензинец (2000+ кубика, турбо), или некој замашен атмосферец бензинец.. Ама бидејќи живеам во реалноста (и со мојата кола пројдов 22.000 км за 12 месеци), возам турбо-дизел со 140 коња..
Не сум од оние што кукумјавчат за тоа дека „дизелот се врти само до 5000 вртежи“, ниту пак од оние што се маваат у груди на звук (и дури ќе кажам дека моќниот звук на дизел додека забрзува ми се свиѓа), ниту пак од оние што инсистираат дека „ако сакам кола за правење мерак, мора да биде бензинец“.
Глу-пос-ти. Наметнати мислења без никакво претходно искуство (чест на исклучоците).