Секако дека тоа не е малтретирање. Дури и за бензинци не е малтретирање вадење пик момент (или пик моќност). Тоа е нешто за што е наменет било кој мотор.
Малтретирање е да го газиш незагреан, кога низ деловите на моторот се јавуваат големи температурни разлики (ладна радилица, топли клипови или сл.), возење постојано во лимитер, постојано газење од ниски до високи обртаи итн..
И на 2000 вртежи (или таму кај што МОЖЕ да се постигне максимален торк) не возиш цело време со полна гас, за да вадиш максимален торк, туку тоа го правиш само ако сакаш да совладаш некој предизвик, (узгорница, претицување, забрзување итн.)