И досега се нудеа турбо бензинци, но тие беа ексклузивни модели и на нив обилно пишува TURBO, дури и на Порше 911 серијата, со големи букви пишува ТУРБО (на турбо верзијата која му е најјака) Секогаш постоеа турбо бензинци за покажување, но никогаш во масовна употреба. Од пред година-две почнаа да ги произведуваат турбо бензинците за масите, и сега тоа почнува да зема се поголем замав. Но, денес во понудата на бензинците, сеуште преовладуваат атмосверците, некои марки сеупте не ни имаат турбо бензинци во своите понуди, а останатите кои извадија по еден или два турбоо бензинци, тоа им е првата генерација која ке има стотици детски болести. Додека турбо бензинците да ги направат салам, ке помине најмалку деценија.
Од друга страна, никој вели турбо дизел, тоа беше популарно во 80тите. денес се вели само дизел, и турбото се подразбира бидејчи одамна не се продава обичен дизел.
Но кога би споредувале тд со тб, разликите веке се намалени, но сеуште на страната на дизелот се економичноста и трајноста. Перфомансите се тука некаде, но поради поголемиот torque, дизелот знае за нијанса да биде побрз во реална вожња. Бензинците со турбо не се нешто посебно рафинирани, во лер се слушаат во кабината скоро исто како дизел. Кога ги нагазнеш пак се бучни.
Но денес ситацијата на патиштата е дека 99% од бензинците на патот се атмосверци, и тоа ме радува