@mdeni
Цените кај нас се нереални бидејќи се напумпани со акцизи. Инаку грешиш за потрошувачката на турбо-бензинците. Пријател има нов Passat 1.4TSI кој го вози претежно на отворено. Како што вели, не внимава на економичност и обично е во брзање. На отворен пат му троши кон 6.5l, а комбинирано град и отворено кон 8l.
Значи тоа е далеку од 12 литри како што велиш. Е сега, добар муабет беше тој што го спомна за разликата во цена. Секако дека кога се купува нешто, а се има ограничен буџет, се прави и кост бенефит анализа. Кога пријателот го купуваше пасатот, разликата во цена меѓу 1.6TDI и 1.4TSI беше околу 1900 евра, а меѓу 2.0TDI беше околу 3500 евра. Според неговиот есап тогаш за да ја исплати разликата во цена со потрошувачката и цената на горивата требаше да помине над 80000km со 1.6TDI, а над 150000km за 2.0TDI. Значи 1.4TSI беше best buy, во секој можен поглед, ем подобар мотор од 1.6TDI за на отворено. Згора на се, кога ќе се земат в предвид и каматите за годините кои му се потребни за да ја надополни разликата во цена со платено гориво, никако не му се исплати ТД варијанта. Како што вели тој, просечно поминува по 25000km годишно, односно ќе помине 150000km по 6 години, а 80000km по 3 години и 2 месеци. За период од 6 години 3500 евра ставени на банка стануваат 5000 евра, а за 3 години 1900 евра стануваат 2300.
Што се однесува до потрошувачка од 12 литри, толку мене ми троши Маздата во град и тоа со не-економично возење(ја вртам до 4000RPM при забрзување, вообичаено ја возам над 2500RPM, забрзувам па кочам на црвено пред семафори и сл.). На отворено, до Охрид сум кон 8l.
@LosiPatista
Не бегам од ништо. За ронење бисери, рака на срцее, никој не може со тебе. Џабе ти пишав погоре што е моќност и вртежен момент. Ти и понатаму неможеш или несакаш да сватиш. Нешто како декларирана моќност не постои. Постои само декларирана максимална моќност на одреден број на вртежи.
Се додека не кажеш нешто паметно мислам дека е безполезно да зборувам со тебе на темава. Па дотогаш ако ми реплицираш нема да добиеш одговор од мене.