Да не се помешавте во споредбата на 1.6 ТДЦи Фокус со 1.6 Фокус или слично? Јас би рекол дека вреди да се доплати уште некое евро за ТДЦи од лично искуство.
Тоа е еден муабет и едно реално сценарио кај нас. Ако се споредува турбо мотор со атмосферец, секогаш турбо моторот е помоќен и поефикасен од атмосферецот.
Меѓутоа ако се спореди турбо-дизел мотор со турбо-бензинец мислам дека е банално да се убедуваме дека турбо-дизелот е подобар од аспект на моќност и агилност, поготово кога станува збор за слична зафатнина на модерни мотор:
1) Renault Megane 1.4TCE: 1397cc 96kW @5500RPM, 190NM @2250RPM
2) VW Golf 1.4TSI: 1390cc 118kW @5800RPM, 240NM @2000RPM
3) Alfa Giullieta 1.4TBI: 1368cc 125kW @5500RPM, 250NM @2500RPM
4) Alfa Giullieta 1.75TBI: 1742cc 173kW @5500RPM, 340NM @1900RPM
5) Renault Megane 2.0TCE: 1998cc 184kW @5500RPM, 350NM @3000RPM
6) VW Golf 2.0TSI: 1984cc 199kW @6000RPM, 350NM @2500RPM
Примерите се земени од секојдневни возила, достапни за купување и за наши услови. Дали има соодветно моќен и агилен дизел со иста зафатнина? Јас мислам дека нема! Ни приближно.
Единствен адут кај турбо дизелите ќе остане потрошувачката. Иако разликата во потрошувачка меѓу турбо-дизелите и турбо-бензинците со слична моќност е мала (помала од 20% изразена во литри), сепак тука игра улога и разликата на цената на горивата.
Да сублимираме:
Дизелите не се помоќни од бензинците. Дизелите се само поекономични.