Дали е ова реално возење и зошто не е?
Сигурно дека е реално.
Дали се сложуваш со фактот дека ако за тебе нешто е реално, за другите не е реално?
Зависи за што зборуваме.
Се разбира дека за некого може Бјело Дугме да биде најбољи бенд у свет, а за некој друг Роксет. И нема тука еден е во право, другиот не. И двајцата се подеднакво во право. Нештата кои подложат на субјективни толкувања спаѓаат во една голема група на нешта, да ги наречеме субјективни.
Од друга страна, ако кажам „2 јаболки и 4 јаболки се 6 јаболки“, тоа не може да биде за мене реално, за некого нереално. Ако некој каже дека се 6, а друг каже дека се 17, не може и двајцата да бидат во право. Нештата кои НЕ подложат на субјективни толкувања спаѓаат во една друга голема група на нешта, да ги наречеме објективни.
Меѓутоа, субјетивните и објективните нешта не живеат во два одвоени универзуми. Тие се и тоа како испреплетени меѓу себе и влијаат едни на други. Па така, субјективните судови можат да влијаат на објективните нешта (на пример, никој не ги слуша Роксет и - кур - никој не купува карти, овие разочарани баталуваат музика и почнуваат да се занимаваат со земјоделите). Исто така, објективните нешта можат да влијаат на субјективните судови: купуваш хамбургер, хамбургерот објективно има салмонела, фаќаш труење и градиш субјективен суд за хамбургерот.
Зошто не се сложуваш со ФАКТОТ ( да, со големи букви ФАКТОТ ) дека психичката карактеристика на возачот не може да биде валиден аргумент во споредбата помеѓу дизелски и бензински АГРЕГАТИ?
Како што се обидов да објаснам погоре, субјективното и објективното се испреплетени и не ретко едното произлегува од другото. Сигурно дека психата на возачот не спаѓа у спецификации, меѓутоа ефикасноста на моторот спаѓа, па така објективната реалност, како и обично, се пресликува во доменот на психологијата на возачот.
Јас никаде не реков дека бензинецот е просечно послаб. Реков дека:
1. Бензинецот има поголема максимална теоретски можна снага.
2. Снагата која навистина ја вади е одредена со притисокот на папучата за гас, а колку ќе биде притисната - јеби га - зависи од психологијата на просечниот возач (каков што другар ти не е). Шо да праиме? Тоа е.
3. Во опсегот на вртежи во кои обично се вози, дизелашот е или исто јак или појак, дури и со педала до под. Да, и тоа е поврзано со психологијата. На некого не му пречи да вози 4-5000 рпм низ град. Но обично скоро никој не вози така. Не никој, туку скоро никој. Шо да праиме? Тоа е.
И полека со изразот ФАКТ, тако му свега, по кој-знае-кој-пат ве предупредувам дека не знаете што е точно „факт“ и дека го користите и кај што треба и кај што нетреба. Нејсе.
Дали се сложуваш дека сите луѓе сме различни?
Да.
Но покрај разликите, не красат и многу сличности. Не сме 100% различни. Имаме и истости, покрај разликите.
Дали се сложуваш дека при оваа споредба, да напоменам по твој вкус во поглед на кубикажата
Не е мој вкус. Максималното количество воздух кое моторот ќе го посмука во единица време не е прашање на вкус.
т бензинецот е подобар избор каде што освен во потрошувачката и во светиот торк не е подобар од т дизелашот?
Не, не се согласувам. Покрај двете предности кои ти ги наведе (потрошувачката и торкот) постојат и други аспекти во кои дизелашот е во предност.
И ќе те замолам, прегази еднаш преку својата гордост и пробај да не исправаш криви дрини и да одговориш на овие прашања со ДА и НЕ.
ОК, дали го погодив форматот кој го бараше? У реду се одговорите?