Па, еднаш кога ја наведов големата автономија како предност на дизелот, веднаш ми беше вратено дека таа предност потекнува од ниската потрошувачка, т.е. дека не е посебна предност, туку дека е истото тоа.
Фајн.
АКО така гледаме, тогаш предноста во, да речеме, максималната брзина или времето 0-100 кај бензинецот јас ќе ја сведам на предност во пониската набавна цена за киловат: доколку бенз и дизел имаат отприлика исто киловати, тогаш максималната брзина и времето 0-100 ќе бидат отприлика исти. Само што истите коњи кај бензинецот ќе имаат пониска набавна цена.
Со други зборови, ако сите предности на дизелот се сведуваат на пониската потрошувачка, тогаш и сите предности на бензинецот ќе ги сведам на пониска набавна цена. Ама не се сите и тоа е целата поента. Ќе ми покажеш бензинец седан кој иде 0-100 за 6 секунди? Ќе ти покажам дизелаш кој иде 0-100 за 6 секунди. САМО што чини повеќе да се купи. САМО тоа и ништо друго. (<- ова намерно го имитирам стилот за да биде појасно)