Кои се тие?! Единствено потрошувачка е категоријата во која доминира дизелот.
- момент на ниски вртежи: онаму каде што сите возиме поголемиот дел од времето!
Возам на некој регионален пат во 4 брзина 60 на саат, а пред мене шлепер смрди и брчи со 50 км/х, па треба да го претицам. Ако сум со бензинец, ќе симнам од 4 во 3 брзина, вртежите ќе ги кренам на 3-3500 и ќе стиснам на гас. Откако ќе го претркам, ќе се вратам во 4 брзина и ќе стиснам уште малце за да направам растојание меѓу мене и шлеперот. А ако сум со дизел, нема да менувам брзина, вртежите ќе останат на 1500-2000 и само ќе стиснам на гас. Откако ќе го претркам, ќе стиснам куплуг, ќе се истркалам покрај него (дизелот има поголем curb weight од бензинецот и боље ќе се тркала), ќе почекам да се оддалечам и потоа само ќе продолжам со крстарењето на 1500-200 рпм. А пошто не менувам брзина на крај побро ќе го претицам и покрај тоа што бензинецот у трета ќе повлече боље од дизелот во четврта.
- момент на ултра ниски вртежи, меѓу 1000 и 1500 вртежи: ова сите го забораваат, а е едно од најкорисните и најсимпатичните возачки својства на дизелите. Кога бензинец се гаси, дизелот брутално повлекува. Можам да излезам од паркиг без никакво пипање на педалата за гас.
- удобност: модерните дизели се просечно потивки од модерните бензинци, ако не сте знаеле. Она претицањето од погоре кај дизелот ќе биде потивко и со помалку драма.
- леснотија на управувањето: дизелите многу повеќе простуваат возачки грешки. До сега не ми се случило ниту еднаш да ми изгаси колта. Ниту еднаш! Добро, дватри пати, ама тогав експериментирав, т.е. не беше регуларно возење.
- предвидливост: како и кога влече дизелот се учи многу брзо поради речиси линеарната дистрибуција на моќноста (коњите) низ вртежите. Бензинецот знае да изненади: понекогаш со експлозии на момент на високите вртежи и ненадејно повлекување со цим, а понекогаш со потполно отсуство на влечење, т.е. црна рупа. Кај дизелот сето тоа е по мазно.
- Возење по угорници. Следниот пат кога ќе возиш на автопат, на некоја угорница, пробај да направиш грубо статистичо истражување „кои коли шибаат нагоре у левата лента, а кои се влечат во десна“ и потоа сам оцени ја статистичака сигнификантност на тезата „оние што шибаат нагоре се повеќето дизели, оние што се влечат у десна се повеќето бензинци“.
- Домет, т.е. километража меѓу два пуни резервоари. Со кордобата сди лесно вадев 1200 км автопат... нисанот дци иде бар 850 исклучиво градска. Со дизел по ретко одиш на бензинска.
Еве, ова ми текна вака набрзина, кои би биле предностите на дизел ако се занемари значајно помалата потрошувачка на пари за гориво.