Абе јас Голф не сакам ама во полза на вистината ќе кажам два збора.
Мој пријател некна дојде кај мене на работа да се пофали дека си купил Голф 4, дизел.
Го зел од негов роднина од Германија на кој му беше 2/ра ули 3/та кола во фамилијата.
Голфот е 2000 година, ТДИ со 116 конја ако не се лажам. Зачуван, одржан дури не ми се веруваше дека ги има тие години.
Има поминато според тоа што пишива на сервисната книшка а и на колата 127.000 км.
Редовно е менувано се што треба на колата, книшката имаше дестина исполнети страни па не ми се загледуваше да зачитувам а и германскиот не ми е баш најдобра страна.
Пријатно бев изненаден навистина и од вожњата и од ентериерот кој беше перфектно сочуван а додека го возев на автопат моторчето сосема солидно се држеше.
Дечкото ја вози веќе два месеци и му троши негде околу 7 литри на 100 км. Нема причина ама баш никаква да ме лаже. Имаше Мерцедес А класа купен од МАС пред 5 или 6 години ама не му се погоди елктрониката и нон стоп имаше проблеми па го продал и си го купил ова.
И иако се работи за Голф можам да му честитам само на изборот, поготово ко се гледа однос вложено-добиено!