И јас го имам истото искуство со Аутомобиле ск, на ново Гранде Пунто 1.2 од прв сервис ми ставаа Selena gold 10w40 полусинтетика место Selena kpe 5w40 фул син., препорачано во упатството за користење на возилото. Имав целосна доверба во овластениот сервис се додека не го проверив упатството. На мојата забелешка почнаа да ми раскажуваат приказни дека 10w40 било подобро за топли краишта како мк и дека 5w40 било многу тенко, течно како вода и полошо за мојата кола, ќе го трошела. Од тогаш немам влезено кај нив. Selena kpe воопшто го немаа во сервис , само Selena k. И голдот и к се ок масла ама тоа е друг муабет. Овластен сервис мора строго да се придржува до фабричките препораки, посебно кај новите возила или барем да го информира однапред потрошувачот за некаква отстапка.