Пред извесен период имав неубаво искуство со Порше сервисот, па да споделам додека не ми изветреало.
Кога ја сменив бравата на гепекот, на големи нерамнини, длапки, знаеше да скрца вратата од гепекот. Не беше ништо спектакуларно и за воља на вистината се слушаше само во тишина, без радио пуштено, ама на цепидлака ко мене му сметаше.
При вршење на претходниот редовен сервис, им ја спомнав маката на Порше и ме известија дека не е ништо страшно, дека се штелува за 5 минути и ќе ја средат во тек на сервисот.
После сервисот, повторно се јави крцањето, како ништо да не е направено (ме известија дека е средено), но немав време да се враќам и рекламирам, бев врзан со обврски.
После извесен период на поминување застанав до сервис и им кажав за проблемот (не беше стандард дечкото на прием туку некој друг, првпат го гледам):
- Дечко, знаеш, има многу гужва не знам како да ускладиме.
- Ја правевте, 5 минути работа е, да не закажувам термини, да излагам од работа за таква банална работа, ако може средете сега, ако е потребно ќе си платам за одработените минути.
- АЈ нема проблем, почекај да се ослободи сервисер.
- ОК, колку од прилика да почекам?
- Па еве овој Шкодата... Ибицата... за пола саат.
Чекам пола саат, 40 минути, 50 минути, викам ај да не бидам нападен треба да ми учинат. После 1 саат:
- Се извинувам, требаше за бравава да види некој сервисер, да се штелне..
- (со повишен тон) ДЕЧКО! ТИ кажав во гужва сме!. Почекај, кога ќе се ослободи некој ќе ја види колата!
Во тој момент јас раскрстив со Порше Македонија. Секогаш до овој момент имале коректен однос, али односот на типов беше дно.
Проблемот беше, што немав соодветен клуч, инаку сам ќе си ја средев бравата. Долниот дел, фиксниот дел, има ѕвездасти штрафови, торкс провртува и треба баш таков клуч со повеќе запци.
Работата ја средив со другар кој има таков клуч. За 20 секунди. Само ја подесивме, свртивме кругче околу Карев по лежечките, застанавме, уште 5 секунди фино подесување и толку беше. Нит да крцне, нит да мрдне.
За 25 секунди работа, Порше изгубија редовен клиент. Не дека ќе ги заболе нешто посебно за моите 6-7000 годишно, али лојалноста тешко се стекнува, а многу лесно се губи.