Автор Тема: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси  (Прочитано 577467 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4436
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #255 на: 23 Јули 2013, 20:34:20 pm »
има и неовластени сервиси кои ти издаваат фактура за сработеното,ти запишува во сервисна книшка,става печат,па и они ќе подлежат на истите поплаки како и овластените,зашто би било поразлично?

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30196
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #256 на: 23 Јули 2013, 21:54:29 pm »
Да направиме малку разлика..

1. Постојат официјални сервиси кои се на импортерите. Тие се подложни на сите обуки, рестрикции и овластувања кои ги имаат како официјален сервис. Би требало да се најобучени, неретко не се. Сервисот е обврзан да купува и нуди делови само од принципалот. Цените на работниот час (донекаде) ги диктира и оформува принципалот. Овие се овластени и обврзани да ти впишат све што треба во сервисна книшка и секоја работа на возилото да ја евидентираат во централен софтверски систем.

2. Постојат 3rd party официјални (односно сертифицирани) сервиси. За ваков сервис да биде сертифициран потребно е да ги има сите обуки, алати и опрема како и официјалниот сервис. Меѓутоа, тука цените (на работната рака, итн) не ги диктира принципалот. Сервисот е обврзан резервните делови да ги купува од принципалот, или од официјалните застапници на специфичните производители на резервните делови. Овие исто така се обврзани да впишат све што треба во сервисна книшка и секоја работа на возилото да ја евидентираат во централен софтверски систем.

3. Постојат 3rd party неофицијални сервис, AKA нормални сервиси. Кај нив иде све.

Со други зборови, печат од неовластен сервис за некој бренд ставен во сервисна книшка не значи баш ништо.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4436
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #257 на: 24 Јули 2013, 00:28:08 am »
зашто не значи ништо,а тој од официјален сервис би значел нешто?плус имаш добиено и фактура за тоа што е сработено,заедно со фискална.дали пред законот и инспекција не се еднакви и двата сервиси?ја на тоа циљам,а не мислев дека неговиот печат не е валиден за некој си иден купец

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30196
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #258 на: 24 Јули 2013, 09:04:41 am »
Да замислиме дека си отишол некаде во странство да купуваш кола. Немаш познат мајстор таму и останато е на тебе да процениш дали колата што ја гледаш е добра.

1. Сервис А е официјален сервис. Сервис А има вработени кои ги поминале сите потребни обуки (и редовно одат на дополнителни обуки) кои се потребни, сите алати кои се потребни и оргиналните резервни делови кои се потребни за да бидат официјален (сертифициран) сервис. Како официјален (или сертифициран) сервис, сервисот мора да издаде гаранција за тоа што го сработил и законски да стои позади сработеното, односно да сноси легална одговорност доколку нешто не е во ред.

2. Сервис Б е неофицијален, „маалски“ сервис. Ги нема сертификатите. Работат луѓе за кои не знаеме дали имаат обуки и сертификати. Се користат делови на кои не им го знаеме потеклото. Нема никаква гаранција ниту пак одговорност.

И едниот сервис и другиот сервис ти удираат печат во книшка. Имаш две идентични возила, едното одржувано во официјален сервис (каде што можеш да му видиш целосна историја), другото одржувано кај Хајнрих во гаража. Кое ќе го одбереш?

Така и мислев.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #259 на: 24 Јули 2013, 10:09:44 am »
^

Good point. Ама..

Нели е подобро да има некаков печат и барем некаква евиденција дека нешто е сервисирано и одржувано? Што ако сопственикот на возилото што се купува размислува слично на тебе и си вика "а бе, ако не е овластен сервис - не евидентирам".

Ти ако купуваш кола - вака, има евиденција, ама не е од овластен сервис, и нема никаква евиденција. Што ќе одбереш?

Со други зборови, печат од неовластен сервис за некој бренд ставен во сервисна книшка не значи баш ништо.

Не се сложувам дека не значи ништо. Напротив.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30196
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #260 на: 24 Јули 2013, 10:26:16 am »
Поентата е дека не знаеш каква работа е завршена во неофицијалниот сервис. Не знаеш дали работата е стварно завршена или е само опнат печат колку да има печат. Можеби пишува дека е сменето уље и дека се сменети каиши, водна пумпа итн, а тоа да не е направено. Затоа не значи ништо.

Да, подобро е да има отколку да нема, ама кога е од неофицијален (или несертифициран) сервис, не мора да значи ништо. Немојте да мислите дека сервисерите во Германија се нешто подобри/поетични од нашите. Секаде има крпење. Фалсификување сервисна книшка е многу лесно да се изведе. Иде Хелмут кај Хајнрих во гаража и му вика „Хајнрих, сакам да шитнам зи возило, ај удирензи печати ин зи сервис книшка“. Хајнрих мава 10-тина печати и за возврат зима одредена сума на пари. Фала, пријатно. На Хајнрих тоа не му е проблем бидејќи не сноси одговорност за сервисите - ако нешто се сјебе, може да каже „клиентот сам донесе делови/масло/дрн-дрн, јас не сум одговорен за нивниот квалитет.“

Во официјален сервис се води компјутерска евиденција која се синхронизира со централниот сервер на производителот. Со други зборови, можам во Скопје да проверам кола која е сервисирана во Германија. Во официјален сервис нема можности за фалсификување сервисна историја. И она што е мноооогу важно - официјалниот сервис гарантира и стои позади сработеното.

На Леонот менував каиши и затегачи во Порше Македонија. После 20.000 км и година и кусур (даваат 30.000 км и 2 години гаранција на сработеното) еден затегач почна да зуи. Отидов таму, ја идентификуваа грешката и бесплатно ми сменија ребраст каиш и еден затегач. Да го правев тоа во неофицијален сервис, мало сутра што ќе добиев таков однос.

Не викам дека официјалните сервиси се подобри. Во МНОГУ случаи неофицијалните сервиси се значително подобри, со повеќе реално искуство и повеќе трпение бидејќи од клиентите им зависи живеачката. Меѓутоа, кога јас би купувал половна кола, многу повеќе би ми значел печат од официјален сервис отколку од Хајнрих, кој нит го знам, нит го познавам, нит знам како работи.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6568
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #261 на: 24 Јули 2013, 10:36:16 am »
Одлично те разбирам.

Но има и некои што чисто за себе сака да води евиденција. Како јас, на пример.

А за односот, не коментирам. Или ајде, why not..

Во Олимпиа Моторс сите беа прекрасни - до приемно одделение, до сервисери, до надзорници.. Сите. Но, кога гледам дека сега излегуваат на виделина нивните "обуки" и (не)доволна стручност, после година - две, кажи ми, како да се вратам јас во тој сервис, уште еднаш?

Отсутен Alfista

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1492
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #262 на: 24 Јули 2013, 16:26:54 pm »
Vo Grcija skoro i da ne postojat mali privatni servisi, site postuvaat vo ovlasten da odat.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #263 на: 24 Јули 2013, 17:25:13 pm »
a zosto e taka vo Grcija znaes li ?

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #264 на: 24 Јули 2013, 17:34:33 pm »
Уље и предни плочки на Минито.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Наредна недела дистанцијали се ставаат и можда ќе треба да се крене малце позади.

Ne e voopsto skapo. sto se skoro 20000 denari imajki vo predvid deka koj saka da si ima ubava kola i da si ja vozi ke si PLATI. Alal da ti e Banzai ako si iskesiral tolku ...

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #265 на: 24 Јули 2013, 17:38:10 pm »
На Леонот менував каиши и затегачи во Порше Македонија. После 20.000 км и година и кусур (даваат 30.000 км и 2 години гаранција на сработеното) еден затегач почна да зуи. Отидов таму, ја идентификуваа грешката и бесплатно ми сменија ребраст каиш и еден затегач. Да го правев тоа во неофицијален сервис, мало сутра што ќе добиев таков однос.

Токму ова! Како смее да се случи?! Ти зеле 42.000 денари и на 20.000км нивната неквалитетна работа вродила плод.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #266 на: 24 Јули 2013, 17:39:51 pm »
Уље и предни плочки на Минито.


Наредна недела дистанцијали се ставаат и можда ќе треба да се крене малце позади.

Ne e voopsto skapo. sto se skoro 20000 denari imajki vo predvid deka koj saka da si ima ubava kola i da si ja vozi ke si PLATI. Alal da ti e Banzai ako si iskesiral tolku ...

Кај си бе Бугар....на одмор да не беше шо те снема? Досадно ми стана да ти кажам ! ;D

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #267 на: 24 Јули 2013, 17:44:46 pm »
A be odmor seuste nema. Ke dojde i toj den.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30196
    • CARclub.mk
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #268 на: 24 Јули 2013, 18:02:04 pm »
На Леонот менував каиши и затегачи во Порше Македонија. После 20.000 км и година и кусур (даваат 30.000 км и 2 години гаранција на сработеното) еден затегач почна да зуи. Отидов таму, ја идентификуваа грешката и бесплатно ми сменија ребраст каиш и еден затегач. Да го правев тоа во неофицијален сервис, мало сутра што ќе добиев таков однос.

Токму ова! Како смее да се случи?! Ти зеле 42.000 денари и на 20.000км нивната неквалитетна работа вродила плод.

Од каде ја извади бројката од 42.000 денари? Од рукав, као и многу други бројки?

Колку што се сеќавам, сервисот го платив некаде околу 30.000 денари. Во тој сервис беа вклучени каиши, затегачи, водна пумпа, ролери-молери, работна рака итн.

Дали била нивната работа неквалитетна, дали имало проблем со деловите, дали Сатурн бил у второ претсобје не е воопшто битно. Битно е дека имаат гаранција зад која стојат, и си го поправија проблемот. Следната замена на каиши Леонот ја доби на повеќе од 120.000 км.

Многу пати сум рекол дека во Порше биле крајно разочарувачки. Многу пати сум ги пофалил кога биле одлични. Секаде има ups & downs.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44483
  • Il Moderatore
Одг: Искуства со услуги и цени по официјалните сервиси
« Одговори #269 на: 24 Јули 2013, 18:03:40 pm »
Да се вратиме  на темата: Дихтунг за издувна гранка за Стило во АутоСК - 600 денари. Фер цена за оригинален дел. Не ни помислив да барам на друго место.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.